Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан
  • Вести

Зошто Грција воведува шестдневна работна недела?

admin 24/06/2024 00:00
Grcija-zname-tviter-1

Додека бројни европски земји стремат кон пократка, четиридневна работна недела, владата во Грција одлучи да ја продолжи неделата на 6 работни дена – ако тоа го сака работодавецот. Вработените никој ништо не ги прашува.

Законот е познат во Грција само под бројот 5053/2023 и всушност требаше да стапи во сила на први март. Но, поради стравувањата за тоа што тој ќе значи на изборите за Европскиот парламент, владата на Кирјакос Мицотакис го одложи стапувањето во сила на законот за почетокот на јули.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Бидејќи, тоа е закон кој тешко може да им се допадне на вработените во Грција. „Законот 5053/2023 дефинитивно го убива принципот на петдневна работна недела“, вели Арис Казакос, пензиониран професор по трудово право од Солун. Затоа што тој закон му дава овластување на работодавачот само да му наложи на својот вработен да работи уште еден ден во неделата, иако со обврска да плати додаток во висина од 40 отсто од дневницата. Меѓутоа, вработениот нема право да одбие да работи подолго, што значи подолго е и вкупното работно време.

Додуша, секој во светот на работата ќе ја знае разликата помеѓу „работно време“ и „останување на работното место“, но барем кога се работи за обврзувачките часови кон работодавачот, Грците се меѓу најпогодените во Европа: според Евростат, тие мора да поминуваат 41 час неделно на работното место. Истовремено, со минимална плата од 830 евра, Грција е само на 15-то место меѓу членките на Унијата.

И без овој закон, вработените во Грција се всушност изложени на самоволието на работодавачот: теоретски се одредени 40 работни часови неделно, но шефот може да му нареди на работникот да работи прекувремено најмногу два часа дневно во „ограничен“ период – и тоа неплатено, само со обврска да ги „надокнади“ тие часови со слободно време и годишен одмор. Ако некогаш го сторат тоа, тоа треба да биде надгледувано од специјални трудови инспектори – кои во Грција ги има хронично премалку, а конзервативната влада не се ни обидува да ја подобри нивната работа.

Работодавецот диктира сè како што сака
Уште полошо – во секторот туризам и угостителство од лани нема петдневна работна недела и тоа е само почеток. Затоа што како што е тоа инаку во денешниот работен свет, колективните договори и онака полека исчезнуваат, наместо тоа работодавачот склучува индивидуален договор за вработување со работникот – и тука тогаш пишува што сака, смета професорот.

„Кај индивидуалните преговори работодавачот е целосен суверен кој ги диктира практично сите услови, со исклучок на минималните и загарантирани работнички права. А кога вака се либерализираат законите, тогаш се губат и тие минимални заштитни рамки. А имајќи предвид дека работодавачот може да диктира услови кои се корисни за него, тоа автоматски води кон создавање на работен однос заснован на неправда. Затоа што она што во работниот однос е од корист само на едната страна, никогаш не може да биде фер.“

Владата во Атина го објаснува новиот закон со зголемените проблеми на пазарот на труд поради недостигот на работна сила, така што на работодавачите им се дава можност да ги користат оние кои веќе ги имаат. Но, според мислењето на професорот по трудово право, ова е сосема погрешно гледиште: пред сè, подолгото работно време и поголемиот притисок неминовно значат повеќе несреќи при работа – а тоа веќе се случува во Грција под оваа влада. Во 2022 година имало 104 смртни случаи на работното место во целата земја, а лани тој број се искачи на 179.

Дали знаете што значи „пазар“?
А лошата плата и сè полошата перспектива за постигнување кариера во Грција само постигнуваат сè повеќе Грци да заминат во странство. Најдобар пример е туристичкиот сектор: сите таму се жалат дека им недостасуваат луѓе, а Грците ги заобиколуваат тие работни места во широк круг – затоа што тоа веќе наликува на ропска работа.

На пример, на островите Миконос и Санторини, за „сезонците“ нормално е да се работи секој ден во неделата, а се сместени десетмина во една соба.

Барем кога станува збор за тие познати туристички дестинации, приходите се релативно добри, што не може да се каже за помалку познатите дестинации. Така рестораните на Халкидики се жалат дека летово мораат да ги отворат хотелите подоцна отколку што би сакале бидејќи немаат луѓе.

Но, и работодавците треба да го разберат терминот „пазар“ во пазарот на трудот: ако понудата е помала од побарувачката, тоа само значи дека тие треба да понудат подобри плати и подобри работни услови. Но, грчките работодавци се чини дека сè уште не го сфатиле тоа.

Continue Reading

Претходно: Бебе починало при транспорт од Прилеп кон Скопје
Следно: За два часа со воз од Белград до Скопје

Поврзани вести

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 4
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 5
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани