Ибрахимовиќ вчера се повредил на загревање – сезоната заврши, пензијата поизвесна

0
Споделивања

Шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ се врати на терените после тешка повреда на коленото во петтата деценија, нешто што ретко кој би го направил во професионалниот спорт, но очигледно дека на популарниот Ибра веројатно му е јасно дека крајот на кариерата е многу близу.

Тој вчера се повредил на загревање и според првите информации од Милано, сезоната е завршена за него. Останувањето во Милан е нереално, веќе се појавија информации дека „росонерите“ нема да му понудат нов договор, па Монца беше клубот кој се посочуваше како следна дестинација.

„Почувствувал болка во листот на ногата и застанал… Јас сакав да го внесам во игра, ама само ми рече дека не може“, објави Стефано Пиоли, тренерот на Милан.

Но, откако се врати од повредата на коленото, Ибрахимовиќ веќе третпат се повредува. Првите две повреди беа ситни, ама оваа веќе најавува дека дојдено е времето да стави точка на величенствената кариера во која играше и за Интер, Јувентус, Барселона, Ајакс, Пари Сен Жермен…

Оливие Жиру сигурно останува дел од Милан, а според најавите прва желба за засилување на нападот е Форлаин Белогун, напаѓачот на Ремс кој е на заем од Арсенал и има 30 милиони откупна клаузула од „топчиите“, но прашање е дали после блесокот во Лига 1, лондончани ќе сакаат да го продадат. Алтернатива е Луис Опенда од Ланс, кој исто така блеска во француската елита.

0
Споделивања
Exit mobile version