Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Иван Дургутов за впечатоците од Миколајки, Полска и 11-тиот Европски конгрес на локални самоуправи

Шеталиште 11/03/2026 17:28
EKS2026_kwadrat_partner

На 2 и 3 март во малото гратче Миколајки, на североистокот на Полска, се одржа 11. Европски конгрес на локални самоуправи, во организација на Фондацијата – Институт за источни студии (Fundacja Instytut Studiów Wschodnich), која е и организатор на есенскиот Економски форум во Карпач, Полска, кој се одржува секој септември и е познат како „полскиот Давос“.

IMG_7416
IMG_7422

Европскиот конгрес, чие мото годинава гласеше „Локалните самоуправи во време на несигурност – локални одговори на глобални прашања“, како значаен дводневен европски настан што се одржува секоја пролет веќе единаесет години по ред, успеа повторно да ги собере на едно место локалните и регионалните лидери од Полска, но и бројни политичари, бизнисмени, академици и млади луѓе од цела Европа. Настанот претставува важен форум за дискусија за најголемите предизвици со кои се соочуваат современите градови и региони.

Отворениот дијалог меѓу локалните самоуправи, како ниво на власт кое е најблиску до граѓаните, заедно со претставници од приватниот и невладиниот сектор, академската заедница и меѓународните организации, на овој мартовски настан во Полска традиционално собира околу 3.000 учесници.

„Размислувај глобално, делувај локално“ – оваа идеја совршено ја отсликува суштината на конгресот, кој претставува одлична можност за размена на искуства и дискусија за иновативни европски решенија за предизвиците на локално ниво.

Иван Дургутов како панелист кој ја сподели младинската перспектива учествуваше на дискусијата „Младите и локалната самоуправа – како може да ја изградиме иднината заедно?“.

На панелот, заедно со останатите претставници од Полска, Молдавија, Украина и Франција, Дургутов сподели искуства од активностите што ги реализира како млад човек и граѓански активист, но и преку својата професионална работа во областа на дипломатијата и евроинтеграциите. Во своето излагање тој нагласи дека младите не треба да се гледаат само како потенцијални гласачи, туку и како активни корисници на услугите на локалната самоуправа.

IMG_7694
IMG_7699

Тој ја истакна важноста на вклучувањето на граѓанското општество во процесите на донесување одлуки, како и активната улога на самите граѓани во креирањето локални политики. Според него, локалните самоуправи во Европа имаат значајна улога во создавањето можности за младите и во развојот на демократските заедници.

IMG_7371
IMG_7387
IMG_7389
IMG_7630

„Особено е важно граѓаните да ги чувствуваат локалните власти како отворени и блиски, бидејќи токму на локално ниво се носат одлуки поврзани со клучни области како образованието, детското згрижување и комуналните услуги“, посочи Дургутов.

Меѓу говорниците на настанот беа и полскиот претседател Карол Навроцки и градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, кои беа и главни ривали на минатогодишните претседателски избори во Полска. И покрај различните политички визии, двајцата беа поздравени со овации од публиката.

IMG_7441
IMG_7438

Во нивните обраќања, покрај различните пристапи за иднината на Полска, беа истакнати и некои заеднички позиции, како што се силната поддршка за Украина и придобивките од членството на Полска во Европската Унија, која како земја често се посочува за пример „европско и економско чудо“ и како доказ за трансформативната моќ на Унијата.

Фотографии: Иван Дургутов

Continue Reading

Претходно: Околу 10% од населението со бубрежни заболувања – нов закон за олеснување на трансплантација и зголемување на бројот на донори
Следно: „МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер му се одмазди на Куманово во Битола

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани