Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Интервју

Иван Дургутов: Младите се силата што може повторно да ја оживее демократијата

Шеталиште 10/11/2025 15:30
IMG_0718-2

На 13-тото издание на Светскиот форум за демократија во Стразбур, меѓу учесниците од над 100 земји беше и Иван Дургутов, координатор за партнерства и вмрежување на Мрежата на млади европски амбасадори. Во разговор за Шеталиште, тој споделува како изгледа да се биде дел од најголемиот глобален собир посветен на демократијата, каква улога имаат младите во нејзиното зајакнување и зошто верува дека токму од регионот на Западниот Балкан можат да произлезат вистински лидери на промени.

Шеталиште: Иван, оваа година учествувавте на Светскиот форум за демократија 2025 во Стразбур. Какво искуство претставува за вас да бидете дел од овој глобален настан посветен на демократијата и младите?

Иван Дургутов: Светскиот форум за Демократија во Стразбур, Франција, оваа година се одржува по 13-ти пат. Како најпрепознатлив настан на Советот на Европа, овој собир претставува уникатна платформа за дискусија помеѓу доносителите на одлуки, граѓаните, младите и активистите околу клучни прашања за иднината на демократијата во светот. Иако е настан организиран од Советот на Европа кој е водечка организација за човекови права на континентот и вклучува 46 земји членки од Европа, меѓу кои и Македонија, овој настан има учесници од над 100 земји од светот, вклучувајќи и од другите континенти, што доволно кажува за неговиот карактер и извонредност.

Шеталиште: Можете ли да ни објасните која беше главната тема на форумот оваа година и како таа се поврзува со предизвиците што ги имаат младите во Европа и пошироко?

Иван Дургутов: Главното прашање на годинешниот форум гласеше „Демократијата е во ризик: Како да ја оживееме повторно?“. Токму демократијата е таа која дозволува дебата околу истата и токму тоа е суштинскиот момент кој нѐ потсетува на нејзината кршливост. Како учесници, одговорот на поставеното прашање се обидовме да го дадеме преку многубројните дискусии и размена на мислења, преку активното слушање, преку охрабрувањето на демократски иновации на секое ниво и настојување за нивно натамошно продолжување на системско ниво. Зацврстувањето на основите на демократијата не е возможно без младите луѓе, оти тие се оние кои најдолго треба да ги чувствуваат придобивките од живеењето во демократски свет.

Шеталиште: Како дел од Мрежата на млади европски амбасадори, која беше вашата улога на форумот и на кои активности активно учествувавте?

Иван Дургутов: Мрежата на млади европски амбасадори е единствената комуникациска програма на Европската Унија, спроведувана во регионот на Западниот Балкан. А, јас, ја имав честа да бидам претставник од истата на овој огромен планетарен собир. Притоа, на форумот присуствував како дел од младинската делегација која броеше само 50 членови, а за која интересот и апликациите се неверојатно големи. Од пристигнати 7.000 апликации, организаторите одлучуваат и ги бираат најдобрите или најдобрите од најдобрите, 50 младински делегати. Содржински, трите денови се поделени на начин што првиот и последниот ден се одржуваат во големата пленарна сала, додека вториот ден со тематски дискусии и три групи на сесии – за идеи, за акција и за креативност. Вториот ден се одржуваше во помалите сали и тоа беше најпогодниот момент за нашите младински интервенции и обраќања.

Шеталиште: Што најмногу ве инспирираше од дискусиите и сесиите во Стразбур? Дали постои момент или говор што особено ви остави впечаток?

Иван Дургутов: На форумот присуствуваат луѓе по различни основи. Пред сѐ, тука е највисокото раководство – генералниот секретар, неговиот заменик, претседателот на Парламентарното собрание и други носители на високи функции. Има претставници на влади, на школи за политики кои се поддржани од Советот на Европа и други, претставници на државата која претседава со институцијата моментално. Јас како младински делегат ја имав можноста да присуствувам и на подготвителниот семинар кој му претходеше на настанот. На подготвителните сесии всушност младинските делегати се подготвувавме околу техниките за најсоодветниот начин на поставување прашања, како најдобро да ги презентираме своите тези и слично.

Она кое најмногу ме импресионираше во подготвителниот дел, но и на главниот настан, беше отвореноста за прашања, приземноста на говорниците и нивната волја за искрено одговарање на прашањата од присутните. Особено значаен момент кој ми остави впечаток беше запознавањето со претседателката на Малта, Н.Е. Мириам Спитери Дебоно, која беше таму во рамки на моменталното малтешко претседателство со Советот на министри при Советот на Европа. Таа пред да биде претседателка била нотарка, а нејзината приземност и искреност беа навистина исклучителни.

Шеталиште: Мрежата на млади европски амбасадори активно работи на промовирање европски вредности. Како ваквите настани придонесуваат кон јакнење на демократските процеси и учеството на младите во општеството?

Иван Дургутов: Нашата главна мисија е комуницирањето на европските вредности и европската интеграција преку и со младите во регионот на Западниот Балкан, но и во земјите членки на ЕУ. Кованицата „3ападен Балкан” колку што нѐ потсетува дека сме дел од Балканскиот полуостров, толку треба да ни илустрира дека ние сме и Југоисточна Европа. Настаните како овој, всушност потврдуваат за големиот демократски капацитет кој го има кај нашите млади, но и за нивната отвореност и компетитивност во поглед на нивните врсници од останатите делови од Европа. Со сите предизвици на македонското образование, ние континуирано докажуваме дека и од оваа земја излегуваат млади кои се вистински образовани, кои се вистински демократи и кои вистински знаат како да се заложат за нивна вклученост во општествените процеси.

Шеталиште: Дали имавте можност да воспоставите нови партнерства или иницијативи во рамките на форумот што би можеле да се развиваат понатаму и во ентитетите од ЗападниотБалкан?

Иван Дургутов: Се разбира. Моето мото е во животот секогаш да градите пријатели и партнери, а не непријатели. Ова се трудам да го применувам и на приватно и на професионални ниво. Можноста за вмрежување и запознавање со луѓе од целиот свет присутни во Стразбур беше непроценливо богатство и верувам дека еден од најважните аспекти на овој настан е токму тој.

Шеталиште: Во време кога демократијата во светот се соочува со бројни предизвици од дезинформации до ниска граѓанска доверба како гледате на улогата на младите во зајакнувањето на демократските институции?

Иван Дургутов: Демократијата е во ризик, така гласеше темата, но така гласи и нашето секојдневие. Дезинформациите, поткрепени со ниска вклученост на разни групи во тековите на општеството, секако дека придонесуваат до „отуѓување“ на граѓанинот од системот и неговите претставници. Без повторно воспоставување на врската помеѓу поединецот и институцијата, историскиот општествен договор ќе биде сериозно доведен под прашање. Институциите не се зградите, туку луѓето во нив. Во Македонија и пошироко, мора да работиме на градење на свест дека институциите и нивните носители се тука за нас граѓаните кои сме даночни обврзници, а не обратно. Професорите се тука за своите студенти, а не обратно итн. 

Шеталиште: Кое е вашето лично искуството од град како Стразбур и како истотото ќе го пренесете во вашата работа со младите европски амбасадори?

Иван Дургутов: Стразбур се смета за втор главен град на Европа и на Европската Унија, покрај Брисел, поради бројните институции, како на Советот на Европа – Европскиот суд за човекови права, Парламентарното собрание и други, така и на ЕУ – Европскиот парламент, сите овие се наоѓаат таму. Стразбур е град со минато кое воопшто не мирувало, но и прекрасен пограничен град кој денес всушност не знае за граници. Град во кој помирувањето е видливо на дело, град со мост по име Европа кој и вистински е тоа и град кој и тоа како треба да не инспирира и охрабри да работиме на некои процеси и овде дома.

Шеталиште: Која е вашата порака до младите луѓе во Македонија и Западниот Балкан кои сакаат да бидат активни граѓани и дел од позитивните промени во општеството?

Иван Дургутов: Она кое сакам да го споделам со јавноста како помалку познат факт е дека, согласно со ротирачкиот пристап на државите кој се води по азбучниот ред, Македонија ќе го има шестмесечното претседателство со Советот на министри при Советот на Европа од ноември 2027 до мај 2028 година, што значи за две години од сега.

Мојата порака до моите врсници и сите млади генерации е секогаш да веруваат дека можат и умеат, дури и кога девет од десет луѓе околу нив ќе го сметаат спротивното. Оваа земја и овој регион имаат големи предизвици, но и голема сила која лежи во нашите млади, кои по ништо не се разликуваат и не се помалку вредни од било кои други млади низ Европа. Верувам дека и лично го докажувам тоа секојдневно и верувам дека мора да продолжиме да се бориме на дневно ниво за подобри услови дома. Песимистите одамна заминаа, а ние оптимистите мора да работиме и да оправдаме зошто го имаме тој оптимистички поглед.

Фотографии: Иван Дургутов

IMG_0172
IMG_0393
IMG_0400
IMG_0408
IMG_0453
IMG_0611
IMG_0580
IMG_0564
IMG_0563

Continue Reading

Претходно: СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со измислени приказни го покрива хаосот во власта
Следно: Свечено одбележан Денот на примирјето во Првата светска војна 11 ноември

Поврзани вести

IMG_7732
  • Интервју

Од ноќни стравови до чудесна приказна: новата сликовница на Зорица Николовска

Шеталиште 01/12/2025 14:27
Screenshot_20250812_091918_Instagram
  • Интервју

17 години The Hounds: Приказната што го разбуди рокот во Прилеп

Шеталиште 12/08/2025 08:38
505991863_122182399622051791_408989433335188928_n
  • Интервју

Театар кој се чувствува: Интервју со Васко Мавровски за ревитализацијата на НУ Народен Театар Битола

Шеталиште 11/06/2025 05:11
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео) kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

06/12/2025 11:07
Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата Screenshot_20251205_195904_Mavex 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

05/12/2025 19:37
Патронен празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола Uklo 3
  • Вести
  • Битола инфо

Патронен празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола

05/12/2025 14:46
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски Mickoski 4
  • Вести
  • Македонија

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

05/12/2025 14:44
УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Вести
  • Македонија

УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот

05/12/2025 14:42

Можеби сте пропуштиле

IVONA KOCHOV
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.12.2025)

Шеталиште 06/12/2025 18:18
kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

Димитар Петковски 06/12/2025 11:07
Screenshot_20251205_195904_Mavex
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

Димитар Петковски 05/12/2025 19:37
1
  • Промо

K-POP FOREVER! – Глобалниот K-POP спектакл пристигнува во Скопје на 28 февруари 2026

Шеталиште 05/12/2025 14:55

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани