Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Извештај на ЈО за ПИ мерки: Лани биле прислушувани и следени 365 лица, имало и инфилтрација во криминалните групи

Шеталиште 31/05/2026 08:28
Nenad-Saveski

Јавните обвинители лани дале наредба да се користи прислушување на комуникацијата, следење на лица или, пак, тајно снимање во дом и возила и други тајни мерки во дури 44 случаи за кои воделе истрага. Дополнително, вакви мерки се применувале и во 4 други случаи, кои всушност траеле од 2024 година, стои во најновиот извештај на обвинителот Ненад Савески за примена на посебни истражни мерки. Ова е значително зголемување на примената на прислушувања и следења во однос на 2024 година и тоа повеќе од четвртина, кога ПИ мерки биле применети во само 35 случаи.

„…Но останува на половина помалку од 87 случаи што ги имало во 2023 година. Од вкупно 44 нови случаи за 2 иницијатор е самото Јавно обвинителство и тоа ОЈО Гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), додека кај другите обвинителства подносител на предлозите за примена е МВР, кој е подносител и во ОЈО ГОКК за другите случаи“, стои во Извештајот кој бил испратен на потврда и во Собранието.

Во зависност од сложеноста на случајот и потребата од докази кои на друг начин не би можеле да се обезбедат, законот дозволува во еден случај да се применуваат повеќе различни ПИМ и за различни лица и кривични дела што се дел од тој предмет.

Посебни истражни мерки биле водени за вкупно 365 лица, од кои три биле со неутврден идентитет, за 56 предмети на кривични дела.

Според Извештајот, примената на ПИ мерките дала резултати.

„Во најголемиот број од случаите каде се применувале посебни истражни мерки се произлезени очекуваните резултати кои се претпоставувале при нивното определување… Успешноста на мерката се мери со поведена истрага, поднесено обвинение и добиена осудителна пресуда, што се различни фази на постапката“, стои во документот.

Кои ПИ мерки најчесто и колку долго биле користени?

Најмногу наредби имало за следење и снимање на лица надвор од домот и тоа во 33 случаи, против вкупно 107 лица, од кои едно е со неутврден идентитет. Најчесто лицата биле следени од месец до два, но за 12 случаи мерката сè уште трае. Мерката била применета за откривање на убиства, производство и промет на дроги, перење пари, поткуп, но и за тероризам и трговија со луѓе и деца.

Јавните обвинители дале наредба за следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации во 28 случаи, а биле прислушкувани комуникациите на 140 лица. За 7 случаи мерката сè уште трае, додека најголем дел од следењето на комуникациите траело месец или два, сепак има три случаи каде што прислушувањето траело 6 месеци, а во 4 случаи и до осум месеци.

Мерката била применета за да се откријат убиства, неовластено производство и промет на дрога, перење пари, злоупотреба на службената положба, злосторничко здружување, криумчарење мигранти и трговија со луѓе и деца и др.

Следење и снимање на дом, простор или возило било применето во два случаи. Еден простор сè уште се снима од тајните служби по наредба на јавен обвинител, кај останатите случаи оваа мерка се користела од четири до 7 месеци.

„Мерката била применета за следните кривични дела: Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 3 од КЗ, Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 од КЗ, Злосторничко здружување од чл. 394 од КЗ, Терористичка организација од чл. 394-а, Тероризам од чл. 394-б од КЗ, Финансирање на тероризам од чл. 394-в од КЗ“, стои во Извештајот.

Во шест случаи, пак, било користено симулирано давање и примање на поткуп и тоа било применето кај 13 лица.

Во шест случаи, во текот на истрагата, биле користени и лица со прикриен идентитет кои следеле, снимале и собирале информации, со тоа што се инфилтрирале во организирани криминални групи.

Кое Обвинителство колку мерки применило?

Најмногу посебни истражни мерки (ПИМ) применувало Обвинителството на Абази, но за Савески, како што пишува во извештајот, тоа не е неочекувано имајќи ги предвид посебните надлежности, кое постапува по најсложените кривични дела на организиран криминал и корупција.

ОЈО ГОКК лани водело 20 истраги со користење на ПИМ, од кои 18 се нови, а два се од 2024 година. Овие мерки биле применувани за 335 лица со утврден идентитет во 53 предмети на кривично дело.

На подрачјето на Скопје ПИМ се применувале во 19 случаи, од кои 16 нови во 2025 и три од претходно. Со овие мерки биле опфатени 16 лица во три предмети. На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола, пак, во работа имале 6 случаи во кои примениле вакви мерки и тоа кон 7 лица, додека во ВЈО Штип четири случаи за 4 лица.

Ниту една ПИ мерка немало на подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Гостивар.

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Ристовски на јубиленото издание на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“: Да ја чуваме традицијата и вистинските вредности
Следно: Енрике по победата во финалето на ЛШ: Беше натпревар на високо ниво против еден од најтешките противници

Поврзани вести

megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
sv-mitrofan
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Шеталиште 17/06/2026 07:19
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 1
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43
Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 2
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 3
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 4
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 5
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19

Можеби сте пропуштиле

megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани