Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Извршени над 12 000 инспекциски контроли, уништени околу 56 тони небезбедна храна

Шеталиште 10/06/2025 09:17
00000001-799-660x500

Од почетокот на годинава, инспекциските контроли на храната во домашниот промет надминаа бројка од 12.000. Околу 56 тони храна од животинско и неживотинско потекло се уништени како несигурни.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, денес изјави дека за констатираните неправилности се издадени 1.325 мерки, од кои 260 парични казни и други санкции како привремени забрани за вршење дејност, а поднесени се и прекршочни пријави.

Во своето излагање на трибината за подигнување на јавната свест за сигурноста на храната, Миланов истакна дека се спроведуваат дополнителни контроли за секоја пратка што се увезува во државата. “Од почетокот на годинава, како небезбедни вратени се 10 пратки, најголемиот дел поради увоз од забранети региони/држави,” рече тој.

Уништена е една пратка со храна од животинско потекло, со тежина од 207 тони, а околу 30 тони храна од неживотинско потекло се елиминирани како небезбедни. “Повеќе од половината небезбедна минерална вода од увоз, поради бактериолошка загаденост, недоволна јодираност на сол и утврдени остатоци од пестициди во зеленчук”, нагласи директорот.

Според него, покрај науката, институциите и операторите, граѓаните се значајна компонента во синџирот на безбедна храна, кои често укажуваат на пропусти. Најчестите забелешки поврзани со безбедноста на храната се непочитување на добрата хигиенска пракса (ДХП) и HACCP, продажба на производи со изминат рок, работа без дозвола, присуство на контаминенти во производ, сомнеж за труење со храна и продажба на производи со изменети органолептички својства, измама на потрошувачи, како и сомневање во квалитетот на производот.

“Од почетокот на годинава досега, преку Одделението за заштита на потрошувачите поднесени се повеќе од 360 иницијативи за вршење на инспекциски надзор,” информира Миланов. “Како најчесто наведени наводи поврзани со безбедноста на храната се непочитување на ДХП и HACCP (36 иницијативи), продажба на производи со поминат рок на употреба (26), работа без одобрение (24), присуство на контаминенти во производ (17), сомнеж за труење со храна (16), продажба на производи со променети органолептички својства (16), измама на потрошувачи (14), сомнеж во квалитетот на производот (5)”, додаде Миланов, посочувајќи дека е постапено по поголемиот дел од нив.

Денешната трибина, организирана во соработка со Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), е дел од активностите на АХВ по повод одбележувањето на 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна. Претставници од EFSA ќе ја претстават улогата и значењето на EFSA во системот за безбедност на храна во ЕУ и интеграцијата на земјите кориснички на ИПА. Претставници од АХВ ќе говорат за улогата и значењето на АХВ во однос на безбедноста на храната и храната за животни. Предвидена е и панел дискусија на која ќе се разговара за нутритивните потреби и навиките во исхраната, како и за нутритивните и здравствените тврдења.

“Потсетувам дека одговорност за безбедноста на храната имаат сите – од државата која ги креира политиките, создава услови и спроведува контроли до граѓаните како крајни потрошувачи. Не е важно само дали и што ќе јадеме, туку и колку храната на нашите трпези е безбедна.” Повеќе од 600 милиони луѓе во светот се разболуваат од небезбедна храна, а за нивно лекување се трошат околу 15 милијарди долари. Од небезбедна храна луѓе и умираат, а нивниот број годишно се движи околу 420.000. Еден од десет луѓе се разболуваат од контаминирана храна секоја година, а повеќе од 200 болести се предизвикани од консумирање небезбедна храна со бактерии, вируси, паразити или хемиски супстанции како што се тешките метали. “Овие бројки може да се спречат само кога безбедноста на храната е приоритет,” подвлече директорот на АХВ.

Како што беше нагласено на трибината, опасностите од небезбедна храна се реалност, тие не познаваат граници и се дел од големиот синџир на снабдување. “Од локален проблем, во услови на интензивна глобална трговија, ризиците од небезбедната храна може брзо да прераснат до меѓународна вонредна состојба. За да се спречи ова подготвеноста е клучна пред да се случи неочекуваното.” Науката ја дава основата за безбедност на храната, но спречувањето на болестите предизвикани од храна зависат од нашите правилни постапки кои треба да ги преземеме.

“Ова значи дека секоја од државите се повеќе треба да инвестира во истражување и поддршка на науката, во спроведување програми за идентификување потенцијални ризици од контаминација на храната, обезбедување безбедно ракување, дистрибуција и складирање на храната, како и воспоставување мерки и процедури за континуирана едукација и преквалификација на вработените за најновите безбедносни практики. Во овој контекст исклучително важна е и улогата на потрошувачите кои треба да внимаваат на безбедноста на храната исклучиво како информирани потрошувачи, за што академската јавност, но и институциите треба да вложуваат во едукација на граѓаните уште од најрана возраст”, порачаа учесниците на трибината.

Continue Reading

Претходно: Нов земјотрес на Халкидики: Земјата не престанува да се тресе веќе три дена
Следно: Над 10% од пензионерите во ЕУ продолжуваат да работат

Поврзани вести

fzom-1
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

Шеталиште 22/01/2026 14:23
20260122141634_big_730x400_44
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

Шеталиште 22/01/2026 13:21
NdGze-sonce-41217-1
  • Македонија

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

Шеталиште 22/01/2026 13:19
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото) FB_IMG_1769096350720 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

22/01/2026 15:39
Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет fzom-1 2
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

22/01/2026 14:23
Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026 20260122141634_big_730x400_44 3
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

22/01/2026 13:21
До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег NdGze-sonce-41217-1 4
  • Македонија

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

22/01/2026 13:19
Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип grip-1 5
  • Македонија

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

22/01/2026 13:16

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39
fzom-1
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

Шеталиште 22/01/2026 14:23
20260122081019_big_730x400_34
  • Занимливости

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

Шеталиште 22/01/2026 13:22
20260122141634_big_730x400_44
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

Шеталиште 22/01/2026 13:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани