Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

eko-svest-digitalen-reklamen-baner-ODBRAN-ZA-PRAKANJE
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

Изложба „Уметничкиот сон“ од Методи Исков во Прилеп

Шеталиште 21/08/2025 11:20
slika-1

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“, вечерва (22 август) од 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од уметникот Методи Исков, која е дел од програмата од областа на визуелните уметности за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

– Изложбата „Уметничкиот сон“ му е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста. Секое уметничко дело, пред да се појави во материјална форма, започнува како визија, како интимен миг на замисла или сон што го носи авторот. Токму тој процес – од замисла до реализација – е централната тема на оваа поставка. Во рамките на изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни практики. Оваа разновидност не само што ја прикажува богатата палета на индивидуални пристапи и изрази туку и создава еден поширок контекст во кој посетителот може да се соочи со повеќе перспективи на сонувањето и на креативното толкување на реалноста – се вели во најавата за изложбата.

Инаку, овој проект ја нагласува и важноста на културните институции и на стопанскиот сектор во заедничката мисија за поддршка и афирмација на уметноста. Со „Уметничкиот сон“, публиката е поканета да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа преку делата на авторите и да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува сите.

Методи Исков (1990, Штип) во 2009 година завршил гимназија во Прилеп, јазично-уметничко подрачје. Во 2014, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот за вајарство, во класата на проф. Станко Павлески. Покрај индивидуалните, дел од неговите ангажмани се и изработка на скулптури вклучени во урбанистички план на Скопје, учество при изработка на палета мозаици, меѓу кои мозаиците во црквата „Свети Константин и Елена“во Скопје, мозаик вo базиликата „Свето благовештение“ во Незарет, Израел, со ликот на Пресвета Богородица, мозаиците во црквата „Света Петка“ во Прилеп, како и муралот во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, уметничко уредување на Етнокрушево…

Учествувал на повеќе групни изложби и реализирал две самостојни изложби: „Празна галерија“ во 2018 и „Празна галерија – ново поглавје“ во 2022 година.

Моментално живее и работи во Прилеп, како наставник по ликовна уметност.

Continue Reading

Претходно: Целосно реконструирана водоводната линија Битола – Поешево – Логоварди
Следно: Турција од следната година воведува задолжително поставување камери и уреди за следење во возилата

Поврзани вести

IMG_7344
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани
  • Филм

Премиера на документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов”

Шеталиште 09/11/2025 15:13
IMG_7262
  • Култура
  • Настани

Фото-изложба на Сашо Ставрев: 45 години „Браќа Манаки“ во објективот на еден хроничар на филмската магија

Шеталиште 04/11/2025 17:08
IMG_9463
  • Култура
  • Настани

Битола е подготвена за 11. издание на Шекспир фестивалот

Шеталиште 03/11/2025 15:08
1761041924265735
300-x-250
Untitled design (11)
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Untitled_design_1

Тренд Вести

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф Screenshot_20251117_211921_Facebook 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

17/11/2025 20:19
Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата 581942546_861911069678442_8545183690636481806_n 2
  • Вести
  • Македонија

Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата

17/11/2025 16:15
УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер dozd 3
  • Вести
  • Македонија

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер

17/11/2025 16:05
Нови броеви од списанието „Современи дијалози“ во издаваштво на МНД-Битола Sovremeni-Dijalozi 4
  • Вести
  • Битола инфо

Нови броеви од списанието „Современи дијалози“ во издаваштво на МНД-Битола

17/11/2025 16:04
Адеми: Реалниот победник на овие локални избори е ВМРО-ДПМНЕ, Конгресот на ДУИ ќе се одржи до 20 декември Arbr-Ademi 5
  • Вести
  • Македонија

Адеми: Реалниот победник на овие локални избори е ВМРО-ДПМНЕ, Конгресот на ДУИ ќе се одржи до 20 декември

17/11/2025 16:02

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20251117_211921_Facebook
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

Димитар Петковски 17/11/2025 20:19
581942546_861911069678442_8545183690636481806_n
  • Вести
  • Македонија

Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата

Шеталиште 17/11/2025 16:15
dozd
  • Вести
  • Македонија

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер

Шеталиште 17/11/2025 16:05
Sovremeni-Dijalozi
  • Вести
  • Битола инфо

Нови броеви од списанието „Современи дијалози“ во издаваштво на МНД-Битола

Шеталиште 17/11/2025 16:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани