Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и заглавена

Шеталиште 27/06/2025 11:31
Mende Ilievski

Негативна е оценката за Владата на Христијан Мицкоски во изминатите 365 дена, Македонија не е горда, Македонија е понижена и заглавена а граѓаните живеат тешко, истакна потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, во емисисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Илиевски нагласи дека Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ во периодот додека беа опозиција ветуваа многу према граѓаните, а оваа Влада во првите 365 дена има најслаб старт во историјата од било која влада која започнала да функционира од осамостојувањето во нашата земја.

-Македонија воопшто не се развива. Македонија стагнира. Моментално сме најзадолжена земја во регионот. Платите на граѓаните на Македонија не растат, и тие стагнираат. Нема промени во правосудството, нема правда. Македонија не се развива во ниту еден сегмент во изминатите 365 дена. Не се развива во делот на земјоделието, не се развива во делот на инфраструктурата, а нити гледаме напредок во меѓународната политика. Буквално сме заглавени, истакна Илиевски.

Тој додаде дека заглавен е и европскиот пат, власта слепо ги задолжува граѓаните за 7 милијарди евра кои идните генерации скапо ќе ги платат наместо да се користат фондовите од ЕУ кои се неповратни средства.

-На другата страна стои европскиот пат кој очигледно стагнира во изминатите 365 дена. А, со отворање на европските процеси и те како можеа да се инкасираат неповратни средства од Европската унија и нашата земја да се движи напред и да се развива, истакна Илиевски.

Илиевски нагласи дека нема нови отпочнати инфраструктурни проекти кои би биле од капитално значење за нашата земја, а премиерот и неговите најблиски соработници ги отвораат проектите кои беа започнати во изминатиот период во владата на СДСМ.

Потрошувачката кошница расте од ден на ден, граѓаните во изминатите 365 дена не живеат подобро, а ако утрото по денот се познава, тоа така ќе оди и во наредниот период, најлошото допрва ќе го видиме, рече потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, во емисисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Фото:  СДСМ 

Continue Reading

Претходно: Ристески: Владата на ВМРО-ДПМНЕ напорно работи, а тоа го покажуваат делата, платите, пензиите се покачени
Следно: Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани