Прилеп синоќа повторно живееше во ритамот на најголемата летна манифестација – „Пиво Фест 2026“.
Илјадници посетители од земјава и регионот уживаа во одличната атмосфера, богатата музичка програма, ладното пиво и традиционалната прилепска скара.
Првата фестивалска вечер помина во знакот на добрата забава и позитивната енергија, а центарот на градот беше исполнет со гости од сите генерации. На настанот присуствуваше и премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, како и бројни претставници од јавниот и политичкиот живот.
Организаторите истакнуваат дека годинашното издание започна успешно и најавуваат уште побогата програма во следните фестивалски денови. Посетителите имаа можност да уживаат во разновидна музика, повеќе видови пиво и гастрономските специјалитети по кои Прилеп е препознатлив.
„Пиво Фест“ со години претставува еден од најпосетените настани во државата и значаен промотор на туристичкиот потенцијал на Прилеп. Фестивалската програма продолжува и денес, а организаторите ги повикуваат сите љубители на добрата музика, пивото и забавата повторно да бидат дел од „Пиво Фест 2026“. – изјави градоначалникот Проданоски.
Прилеп уште еднаш покажа дека знае да биде одличен домаќин, а ако се суди според првата вечер – пред посетителите се уште неколку незаборавни фестивалски денови.
Фото: Фејсбук страната на градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски

