Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски

Шеталиште 10/07/2025 12:59
Mickoski 1

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има докази и приведени лица за подметнување на пожарите, преку координирана и добро осмислена акција, особено за Скопје. На новинарско прашање, Мицкоски денеска оцени дека по вчерашните бројни пожари состојбата е под контрола и ги отфрли обвинувањата од опозицијата за неажурност во справувањето со пожарите.

– Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, приведени лица посебно на територијата на Скопје затоа што од тоа што го најдовме кај последниот пожар што се случи вчера навечер после девет часот во близина на Смилковско езеро, но и три лица што потоа беа обезбедени, укажува дека постои основано сомнение за координирана и добро осмислена акција особено во Скопје. Но, она што ме радува е што за 24 часа и покрај исклучително тешките услови, температура помеѓу 35 и 40 степени, проследена со силен ветер на моменти и над 100 километри на час, успеавме сето тоа да го ставиме под контрола. Претпладнево добив информација дека е активен само пожарот во Дојран кај планинатата, нема опасност за населените места и е под контрола, изјави Мицкоски по присуство на настан по повод 80 години од основањето на Црвениот крст.

Тој соопшти дека во справувањето со пожарите вчера биле вклучени девет од специјалните армиски возила кои беа преадаптирани, а истуриле 300 тони вода, што е исто како да се направени 75 прелети со полициските и армиските хеликоптери. Најави дека деновиве по техничкиот прием ќе бидат вклучени сите преадаптирани возила и како што нагалси, драматично ќе биде подобрена расположивата механизација и специјални возила за справување со ваквите природни непогоди.

– Најмалку кредибилитет да зборува има опозицијата и оние политички лешинари кои орбитрираат во периметар околу, рече Мицкоски.

Лицата кои ќе се пријават на огласот за ангажман за справување со пожарите, според него, во следна фаза ќе бидат добредојдени  во институцијата што ќе се основа со реформирањето на системот за справување со кризи.

-Обезбедивме финансиски надомест за луѓе кои ќе бидат регрутирани, тоа е во првата фаза,  по поминување на обука, ќе одат чекор понатаму.  Имајќи предвид дека се планираат реформите на системот за справување со кризи со обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, по завршување на локалните избори сето ова за што сега зборуваме ќе биде и функционално и оперативно. Ги повикувам и сите млади кои сакаат да се вклучат во иднина во таа нова институција се добредојдени, рече Мицкоски.

Владата претходно најави дека ќе ангажира 400 лица за справување со пожарите во летниот период за финансиски надомест од 24.000 денари.

Фото исечок

Continue Reading

Претходно: Собранието донесе повеќе законски решенија по скратена постапка
Следно: Во Битола се одржа работилница „Терапија со поезија – Аптека на зборови“

Поврзани вести

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани