Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
prilep-programa

Прилеп ќе го одбележува 11 Октомври со богата програма

Со богата едномесечна програма, до 3 ноември, Прилеп, градот херој, ја одбележува 85-годишнината од 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание од 1941 година. Богатата програма започна на први месецов, со јубилејниот 15. Џез-викенд во Прилеп. Џез-музичари од земјава до сабота, 3 ноември, ќе ја претставуваат својата музика пред прилепската публика во киното при центарот за култура „Марко Цепенков“. Во големата сала од центарот за култура се одигра монодрамата на Тијана Дапчевиќ. Во музејот „11 Октомври“ се одвиваа интерактивните работилници „Бегство од музеј“ и „Детективи на минатото“. Во градската библиотека „Борка Талески“ се одржаа трибината „Јавното здравје кај младите“ и поетската вечер „Во пресрет на 11 Октомври“. Во центарот за култура е премиерата на претставата на прилепскиот театар „Животинска фарма“, како и драмската претстава за Душко Наумоски – „Херојот е мојот дедо“.

Во галеријата од центарот за култура „Марко Цепенков“ своите дела во заедничка изложба ги претставува Друштвото на ликовните уметници на Битола, а во музејот „11 Октомври“ е драмската претстава за академскиот ликовен уметник Борко Лазески, насловена „Студент е, прилепско дете“.

Од 8 до 10 октомври во центарот на Прилеп се одржува „Фестивалот на медот“, а на 9 октомври ќе се одржи училишниот перформанс „Формирање на македонското знаме“ на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“. Во градската библиотека е промоцијата на книгата на д-р Славчо Ковилоски „Спомени на прилепските револуционери“, а во киното „Мис Стон“ е проекцијата на филмот „До балчак“.

Денеска во Участакот, по повод 85-годишнината од Народното востание, ќе биде промовиран каталогот на Завод и музеј, посветен на меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ – Участак. Вечерта во центарот за култура, во киното „Мис Стон“ е „Слем-полуфиналето“.

Во пресрет на празникот, на 10 октомври ќе има голем број настани, кои вечерта ќе се заокружат со импровизиран напад на градот, како и со краток филм за нападот на 11 октомври 1941, како потсетување на историските настани на 11 октомври 1941 година и почетокот на народното востание.

Во текот на денот ќе се одржат и меѓународниот традиционален турнир во џудо, изложба на дела на прилепските уметници во ликовната галерија од центарот за култура „Марко Цепенков“ и посета на меморијалниот музеј „11 Октомври“.

На празникот, 11 октомври, почит ќе им биде оддадена на револуционерните дејци, на загинатите борци и на народните херои во Паркот на револуцијата, на Могилата на непобедените и во Алејата на народните херои. На 11 октомври ќе се одржат и крводарителска акција, меморијален турнир во шах и автомобилско шоу во центарот на Прилеп. На 12 октомври на булеварот во центарот на Прилеп ќе се одржи техничко-тактички збор на АРМ – изложба на воена опрема и оружје и показни боречки вештини на специјалните единици. Од 15 октомври до 3 ноември, кога е и денот на ослободувањето на Прилеп, се предвидени повеќе културни и спортски настани.

Continue Reading

Претходно: Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор
Следно: „Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Поврзани вести

nestorgol
  • Балкан
  • Вести
  • Прилеп инфо
  • Спорт
  • Фудбал

Несторовски играч на мечот во победата и голедата помеѓу Славен и Горица (Видео)

Димитар Петковски 08/11/2026 09:00
policija-8
  • Прилеп инфо

16 – годишна прилепчанка го пријавала вонбрачниот партнер и неговиот татко за физички напад

Шеталиште 06/11/2026 11:46
viber_image_2026-11-06_09-01-45-409
  • Прилеп инфо

Две минофрлачки гранати пронајдени при изградба на автопатот Битола – Прилеп

Шеталиште 06/11/2026 08:43
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа 1
  • Вести
  • Македонија

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

10/11/2026 09:46
Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие 82460 2
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

10/11/2026 08:03
Седници на две собраниски комисии Zgrada-na-Sobranieto 3
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

10/11/2026 08:01
Денеска променливо облачно време со сончеви периоди oblacno-vreme-1 4
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

10/11/2026 07:57
Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола sostanok Regionalna komora Bitola 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Економија

Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола

10/11/2026 07:19

Можеби сте пропуштиле

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа
  • Вести
  • Македонија

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

Васка М.Младеновска 10/11/2026 09:46
Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во Битолскиот театар
  • Театар

Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во Битолскиот театар

Васка М.Младеновска 10/11/2026 09:30
Gold Felicia Italian week
  • Промо

Вкусовите на Италија пристигнуваат во Голд Фелициа – Битола!

Шеталиште 10/11/2026 08:49
82460
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

Шеталиште 10/11/2026 08:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани