Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

Интернационален успех на македонската театарска уметност – долготрајни овации и аплаузи за битолскиот театар во Верона

Шеталиште 22/07/2026 09:12
bitolski-teatar-verona

Стоечки овации, долготрајни аплаузи и публика која не престануваше да ја поздравува екипата – тоа е најубавата слика од гостувањето на битолскиот театар во Верона.

Меѓународната изведба на „Кориолан“, во режија на Џон Блондел, на Verona Shakespeare Fringe Festival, беше пречекана со исклучителен интерес и воодушевување од публиката. Енергијата што се чувствуваше во салата за време на претставата, а особено по нејзиното завршување, покажа дека театарот навистина нема граници и дека силната приказна допира до секој, без оглед на јазикот и земјата од која доаѓа.

Во Верона се случува и 12. Светски Шекспир конгрес, кој ја одбележува 50 годишнината на Интернационалната Шекспир асоцијација, а покрај тоа на повеќе сцени низ градот се одржува и музичка програма. Со ова градот од 20. до 26.07  прераснува во глобална театарска сцена која пречека илјадници уметници, истражувачи, од целиот свет. Фестивалот е организиран од Центарот Skenè на Универзитетот во Верона. Основачи на оваа платформа се: Џон Блондел кој е уметнички директор на фестивалот, Силвија Биљаци, Сидија Фјорато, Џон Блондел и Дејвид Скалквик. Фестивалот ги спојува делата на истражувачите и уметниците кои ги уриваат граници помеѓу сценската уметност и науката; овозможува нови начини на изведба, рецепција и пренесување; и создава можности публиката да доживее разновиден спектар на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Фестивалот се реализира во соработка со Conservatorio di Verona и Teatro Scientifico – Teatro Laboratorio.

„Искрено им благодариме на организаторите на фестивалот за беспрекорното гостопримство, професионалната организација и честа да бидеме дел од ова значајно меѓународно театарско случување“, истакнуваат од НТБ.

Најголемата благодарност, сепак, им припаѓа на актерската, авторската и техничката екипа на НУ Народен театар Битола, која со својата посветеност, дисциплина и талент создаде претстава што достојно ја претстави македонската театарска уметност пред меѓународната публика.

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиотуметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

На овој престижен меѓународен фестивал, Народниот театар Битола гостуваше после премиерата на 66.Охридско лето и ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваат театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија. Во прилог го споделуваме видеото од поклонот и долготрајните аплаузи – момент кој засекогаш ќе остане запаметен како едно од најсилните сведоштва за успехот на ова гостување.

„Благодариме, Верона! Ова беше вечер што ќе ја паметиме долго“, додаваат од битолскиот театар.

Continue Reading

Претходно: Концерт на Ансамбл „Македонија“ – Скопје
Следно: Oдбојкарска репрезентација на Македонија се собира во Крушево на 5 август

Поврзани вести

Ideale
  • Култура
  • Настани

Концерт „Ideale“ на 15 август во Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 07/08/2026 08:02
plakat_carsija_bitola
  • Култура
  • Настани

Кога чаршијата пее… Битола добива свој фестивал на чалгијата

Шеталиште 07/08/2026 07:51
824-1-1024x724
  • Култура
  • Настани

Концерт „Grandi Duetti Soprano-Tenore“

Шеталиште 06/08/2026 11:26
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 1
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 2
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 3
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 4
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59
Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица bogorodica-granica 5
  • Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица

08/08/2026 07:57

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
toplo1
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Шеталиште 08/08/2026 07:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани