Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” – добитник на престижната BSC Special Achievement Award

admin 04/02/2025 00:00
Messenger_creation_BC675006-7CB3-46F2-960C-F419640526D1

Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“. Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, ја прими наградата на церемонијата на доделување на годишните награди на Британското здружение на кинематографери, која традиционално се одржува на почетокот на февруари во Лондон.

Оваа награда претставува исклучителна чест за фестивалот, кој веќе четири и пол децении ја слави уметноста на кинематограферите и ја истакнува нивната клучна улога во создавањето на филмската магија. Како најстар фестивал во светот посветен исклучиво на кинематограферите, „Браќа Манаки“ го носи наследството на Јанаки и Милтон Манаки, првите филмски хроничари на Балканот, чие дело ги постави темелите на визуелното раскажување во регионот.

Британското здружение на кинематографери, кое по американското е најстаро и најбројно национално здружение на кинематографери во светот, ја доделува оваа награда како признание за поединци или групи на поединци што посветено ја слават кинематографијата и придонесуваат за нејзината афирмација. Во нивното образложение се истакнува дека фестивалот „Браќа Манаки“ не само што ја негува оваа уметничка форма, туку и претставува платформа за нови генерации на кинематографери, кои со својата визија ја обликуваат иднината на светската кинематографија.

-Битола е нашата вечна инспирација, градот каде што светлината и сенките танцуваат во хармонија создавајќи приказни што го надминуваат времето. Лондон, пак, е местото каде што нашите предци ја пронајдоа алатката за оваа магија – нивната камера „ Биоскоп“ со сериски број 300 . Денес со ова признание се затвора кругот меѓу двата града поврзани преку љубовта кон филмот и уметноста на кинематографијата, вели директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

Претходни добитници на наградата за посебно достигнување се легендарниот кинематографер Јост Вакано, еден од најзаслужните што кинематограферите денес имаат статус на автори, британската Национална школа за филм и телевизија и Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО.
На истата церемонија Наградата за животни дело ја доби кинематограферот Дик Поуп, познат по долгогодишната соработка со режисерот Мајк Ли, а

Наградата за најдобра кинематограферска работа во долгометражен филм ја доби Лол кроли за филмот „Бруталист“, еден од најнаградуваните филмови во овогодишната сезона на награди.
Признанието што го доби ИФФКК „Браќа Манаки“ доаѓа како потврда дека филмската уметност е жива, дека моќта на еден кадар е безвременска идека тие што напродно работат не остануваат незабележани и се почитуваат како најголеми пријатели.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (04.02.2025)
Следно: Битолчанка крадела во прилепска продавница, ја фатиле на дело

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани