Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Информација за случајот со жалбата на Вардар и постапката на Тиквеш во КОМЕТ системот

Димитар Петковски 29/10/2026 19:23
ffm-zgrada-2-1536x1091

Фудбалската федерација на Македонија, во интерес на отворено и транспарентно информирање на јавноста во врска со поднесената жалба на ФК Вардар за неправилен настап на фудбалер на ФК Тиквеш на натпреварот од осминафиналето на Купот на Македонија, ја информира јавноста и за следните факти.

ФФМ, во ниту едно досегашно известување до јавноста или до клубовите, не посочи дека ФК Тиквеш извршил фалсификат на медицински документ на фудбалерот Окере Ебубе Висдом. Информацијата се однесуваше на внесените податоци во системот Комет, каде што во делот за лекарски преглед бил евидентиран документ на име на Милош Спасовски, кој не е член на ФК Тиквеш од 3 септември 2026 година.

Согласно Пропозициите за натпреварување за Прва МФЛ, во член 20, точка 6 стои:

Потврдата за извршен лекарски преглед задолжително се внесува во Комет пред почеток на првенството и по истек на важноста.

Дополнително, денеска, во 14:26 часот, ФК Тиквеш извршил промена во системот Комет, при што во делот за лекарски документ е приложена спортско-медицинска потврда на име на Окере Ебубе Висдом, а исто така, Комет администраторот на ФК Тиквеш, лекарската потврда на име Милош Спасовски ја променил со статус – неактивен во 14:27 часот.


Притоа, ова не е првпат да се констатираат несоодветно внесени податоци во системот Комет од страна на ФК Тиквеш. Повторувањето на ваквите ситуации отвора сериозни прашања за точноста на податоците што клубот ги внесува во официјалниот систем и за одговорноста на лицата задолжени за нивното ажурирање и контрола.

ФФМ потенцира дека за основаноста на жалбата ќе одлучува надлежната Натпреварувачка комисија, исклучиво врз основа на важечките правила и прописи.

ФФМ останува посветена на транспарентно информирање, почитување на пропишаните процедури и доследна примена на правилата, со еднаков пристап кон сите клубови.

Continue Reading

Претходно: Клековски: Три лица од ФЗО и две од приватна болница се инволвирани во злоупотреба на средства, за што во тек е полициска акција
Следно: Виктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани