Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Истражувања: Вишокот килограми може „да се отпешачат“, до одреден степен

Шеталиште 06/04/2026 14:36
Close up on running shoes Fitness women training and jogging

Close up on running shoes Fitness women training and jogging

Одењето е веројатно најпристапниот облик на вежбање што го имаме, а сè поголем број истражувања покажуваат дека тоа е добро за здравјето на срцето, крвниот притисок, менталното здравје и друго. Одењето трипати неделно речиси го преполовува ризикот од болки во грбот, според новите истражувања. А пак, правењето 10.000 чекори дневно ја намалува опасноста од срцеви заболувања, објавува „Сајенс фокус“ (Science Focus).

Тоа значи, може „да ги отпешачите“ вишокот килограми – до одреден степен… Кога станува збор за согорување калории и губење тежина, воопшто, истражувањата постојано покажуваат дека одењето е помалку ефикасно од поинтензивните начини на вежбање, како што се трчањето или кревањето тегови. Количината на калории што можете да ги согорите зависи од голем број фактори, но во просек, лице согорува околу 250 калории за време на еден час одење со умерено, ненапорно темпо, пишува „Журналот за нутритивност“ (Journal of Nutrition).

Сепак, ако одењето е вашата единствена физичка активност, веројатно нема да направи голема разлика на вагата.

Но, истражувањата покажуваат дека може да ги подобри ефектите од диетата со намалени калории. Наводите говорат дека луѓето со прекумерна тежина кои пешачеле 2,5 часа неделно додека биле на диета, изгубиле повеќе тежина и телесни масти од оние кои само држеле диета.

Најбитно, во таа смисла е изоденото растојание – одете повеќе и така ќе согорите повеќе калории. Според списанието „Обесити“ (Obesity), меѓу луѓето на долгорочни програми за слабеење, оние кои изгубиле повеќе од 10 отсто од нивната почетна телесна тежина правеле околу 10.000 чекори дневно по 6, 12 и 18 месеци. Со други зборови, треба да бидете доследни.

Потоа следи темпото. Има голема разлика меѓу лежерна прошетка и намерно брзо одење. Стручњаците за вежбање го класифицираат бавното одење како лесна активност, но како што го зголемувате интензитетот, тоа станува умерена активност, што е подобро за срцето, белите дробови и мускулите.

Обично, се препорачува темпо од околу пет километри на час како умерено одење.

Сè што можете да направите за да го направите одењето попредизвикувачко, исто така, ќе го зголеми бројот согорени калории. На пример, со замавнување или активно движење на рацете. Истото важи и за одење по нерамен терен или спроти ветерот.

Одењето по стрмнини може значително да го зголеми согорувањето на калориите со зголемување на срцевиот ритам и активирање на мускулите на нозете. Напи во „Журналот за биомеханика“ (Journal of Biomechanics) посочува дека наклон од 5 отсто и ги зголемува метаболичките трошења за одење за 17 насто, додека наклон од 10 отсто го зголемува тој трошок за 32 отсто. На крајот, ставете го ранецот на грб. Неодамнешниот фитнес тренд познат како „трчање“ вклучува одење или трчање со тежина (елек или ранец) за да го направи секој чекор попредизвикувачки.

Малку истражувања се спроведени за прецизно квантифицирање на овие ефекти, но поддржувачите тврдат дека може да се согорат и 200 или повеќе дополнителни калории на час. Дополнително, пешачењето е клучен дел од основната воена обука.

Фото: Фрипик

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: ЈУНП „Пелистер“ постави 40 мониторинг камери во националниот парк „Пелистер
Следно: Астронаутите од Артемис 2 ќе ја проучуваат Месечината со сопствени очи

Поврзани вести

Melanoma-4
  • Здравје

ЦИМ: Куба разви лек против меланом

Шеталиште 27/08/2026 08:56
zdrava-hrana-freepik
  • Здравје

Дали броењето калории е најдобриот начин за слабеење?

Шеталиште 30/07/2026 11:02
Man sleeping in the comfortable bed
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 2
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 4
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58
Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

07/09/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани