Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Истражување: Врсничкото насилство ги засега здравјето и добросостојбата на момчињата и на девојчината

admin 05/06/2025 00:00
Врсничко-насилство

Врсничкото насилство ги засега здравјето и добросостојбата и на момчињата и на девојчината од сите нивоа на социо-економски статус, возраст и етничка позадина. Особено се ранливи 11-годишните момчиња кои најчесто се наоѓаат и во улога на „жртви“ и во улога на „насилници“ во сите три форми на насилство (малтретирање, сајбер малтретирање и тепачки).

Ова се дел од заклучоците од наодите од Националниот извештај за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од истражувањето во 2021/22 година во земјава „Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија”. Наодите од студијата се од последниот циклус собирање податоци во 2022 година, изработена од Студијата за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст  (ХБСЦ) и спроведена од Центарот за психо-социјална и кризна акција – Малинска, со одобрение од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на  образованието, во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА.

Студијата е изработена од истражувачкиот тим на ХБСЦ – Маја Цветаноска, Лина Ќостарова-Унковска, Шерузе Османи Балажи и Иван Христов.

Во наодите од истражувањето се посочува дека со возраста, малтретирањето има тенденција да опаѓа, додека сајбер малтретирањето останува исто на сите три возрасти (11, 13 и 15 години). Родовите разлики, како што се нагласува, се традиционално обоени – девојчињата се почесто во улога на „жртви“, а момчињата на „насилници“.

-Пропорцијата на малтретирање на младите, на децата во македонските училишта е во меѓународниот просек на земјите кои биле вклучени во студијата. Од земјите од регионот само Словенија и Бугарија се рангирани повисоко од нашата земја, што значи дека појавата е поприсутна. Во најголем процент жртви на малтретирање се машките, односно момчињата и тоа од 11-годишна возраст. Има тенденција на намалување на оваа појава со годините. Општо како појава малтретирање помалку се перципира од младите затоа што го чувствуваат како дел од нивното секојдневие и нормализирано е како појава, но кога ќе ги специфицираме колку биле предмет на ширење на лаги и озборување или дофрлување со погрдни зборови, гледаме дека има тенденција на зголемување на овие проценти, истакна Шерузе Османи Балажи, национален ко-координатор на студијата ХБСЦ.

Во однос на категоријата ученици кои малтретирале друг во училиште најмалку 2 до 3 пати месечно во последните месеци, нашата земја е рангирана во топ 10 највисоко рангирани земји и сме над меѓународниот просек на земјите вклучени во истражувањето. Исто така, момчињата од 11-годишна возраст се најповеќе вклучени во оваа појава и малтретирање на други ученици.

-Младите во нашата земја во однос на тоа сајбер малтретирањето, се движиме околу меѓународниот просек на земјите вклучени во истражувањето. Момчињата од 11 години се повеќе погодени од сајбер малтретирање и девојчињата од 13 години. Учениците кои сајбер малтретирале други ученици нивни врсници, ние котираме високо односно сме топ 10 земји што се рангирани највисоко со присуство на оваа појава. Од земјите од регионот помалку е присутно сајбер малтретирање на други ученици во Грција, Албанија, Србија и Хрватска. Во однос на учеството на учениците во тепачки најмалку три пати во последните 12 месеци, нашата држава е под меѓународниот просек  на земјите вклучени во истражувањето. Гледаме дека имаме значајна разлика помеѓу момчињата и девојчињата, а тоа значи дека момчињата покажуваат повеќе инволвирање во тепачки. Тоа има мала тенденција на пораст со годините. Од регионот само Грција и Хрватска се рангирани под нашата земја, односно имаат помалку присутни тепачки помеѓу младите, рече Османи Балажи.

Во студијата се наведува дека децата изложени на разни видови семејно насилство е многу поверојатно дека ќе се однесуваат насилнички, што го открива трансгенерациското одржување на насилството.

-Децата кои малтретираат имаат многу повеќе искуства со физичка злоупотреба од страна на некој во семејството. Најранливи се момчињата на 11-годишна возраст и 15-годишна возраст. Дури и кај децата кои не учествуваат во малтретирање, момчињата се поранливи, поизложени на физичко малтретирање во семејството од девојчињата. Кога зборуваме за емоционалното малтретирање, иако останува истиот тренд децата кои малтретираат се поизложени на своето животно искуство на емоционално малтретирање во своите семејства. Во оваа категорија, поранливи се 11-годишните момчиња и девојчиња и 13-годишните девојчиња.  Децата кои малтретираат имаат повеќе искуства со сексуална злоупотреба, меѓу нив девојчињата на поголема возраст се понезаштитени. Кај сведочењето на домашно насилство 11-годишните момчиња се најранливи, најмногу известиле дека сведочеле домашно насилство. Со возраста тоа отпаѓа, а кај 13-годишните девојчиња има почести известувања за ова, нагласи Маја Цветаноска, истражувач во тимот на студијата ХБСЦ.

По пандемијата со Ковид, наведуваат, сите форми на насилство, во двете улоги на „жртва“ и „насилник“ се во пораст.

-На сите возрасти (11, 13 и 15 години) и кај двата пола во периодот пост ковид во 2022 година, има покачување на процентот пропорциите на учениците кои известиле дека биле малтретирани најмалку 2 до 3 пати во последните неколку месеци и најранливи се момчињата и девојчињата на 11-годишна возраст. И во однос на тие што малтретирале, останува истиот тренд, освен кај 15-годишните момчиња каде има некое намалување во пост ковид, а кај сите останати има нагорен тренд. Кај учениците кои биле сајбер малтретирани, може да се забележи дека има голем пораст кај момчињата и девојчињата од сите возрасти во улога на жртви на сајбер малтретирање. Порастот пост ковид, особено во оваа форма на насилство онлајн е доста зголемен. Има пораст пост ковид на учество во тепачки кај момчињата на 11 години, рече истражувачката Цветаноска.

Во истражувањето се посочуваат и низа препораки до надлежните институции: Градење култура на ненасилство, прекинување на кругот на насилство, ефективни системи за поддршка на децата и младите, сеопфатни политики за превенција на насилството, програми за унапредување на менталното здравје на децата и младите, зајакнување на протективните фактори, пристапи кон целото училиште.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
Следно: Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани