Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
Man sleeping in the comfortable bed

Man sleeping in the comfortable bed

Квалитетниот сон е еден од најважните фактори за доброто здравје, без оглед на возраста. Лошо преспиената ноќ веќе следниот ден не само што може да предизвика замор, намалена концентрација и полошо расположение, туку и посериозни последици со здравјето. Со стареењето се будиме порано од вообичаено.

Тоа е природен процес поради внатрешниот биолошки часовник, но тоа не значи дека ни треба помалку сон, изјавија научниците. Според истражувањата, хроничниот недостаток на сон го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, дебелина и слабеење на когнитивните функции.

– Мозокот за време на спиењето се прочистува, обработува нови информации и ги зацврстува сеќавањата, советуваше Наталија Даутовиќ, професорка по психологија и експерт за истражување на сонот од универзитетот „Вирџинија Комонвелт“.

Според неа, луѓето кои спијат доволно најчесто имаат подобра меморија, полесно учат и подолго ја одржуваат концентрацијата.

– Самиот сон не може целосно да го спречи когнитивното паѓање, но е еден од најважните фактори за зачувување на здравјето на мозокот, вели Даутовиќ.

Истражувањата покажуваат дека лицата кои имаат неквалитетен сон се изложени на поголем ризик од деменција, депресија, падови и губење на самостојноста во секојдневниот живот. Анализата опфаќа над 3.200 научни студии. Препораката на Националната фондација за сон, е лицата постари од 60 години да спијат меѓу седум и осум часа во текот на ноќта. Со стареењето ноќните будења се сè почести.

– Не е важно кога се будите, туку дали се будите одморени, објаснуваат експертите, нагласувајќи дека најважно е легнувањето и будењето да бидат во приближно исто време. Доколку лицето има хронична несоница, гласно ’рчи, често чувствува поспаност во текот на денот или се буди исцрпено, треба да се обрати кај лекар, советуваат тие.

Студијата е објавена во списанието „Слип медисин клиникс“ (Sleep Medicine Clinics).

Извор: МИА / Фото: Магнифик

Continue Reading

Претходно: Дел од ракетата „Фалкон 9“ ќе ја погоди Месечината во август
Следно: Gold Felicia повторно во знакот на грчкиот ритам

Поврзани вести

zdrava-hrana-freepik
  • Здравје

Дали броењето калории е најдобриот начин за слабеење?

Шеталиште 30/07/2026 11:02
2751312
  • Здравје

Црвенило, печење и затегната кожа: Што да направите ако претерате со сончањето

Шеталиште 03/07/2026 09:15
text___max_1003_564-28
  • Здравје

Д-р Трпчевски откри редок случај: Жена на 58 години остана бремена со тројка по ин витро оплодување

Шеталиште 09/06/2026 08:37
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 1
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 2
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 3
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 4
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59
Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица bogorodica-granica 5
  • Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица

08/08/2026 07:57

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
toplo1
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Шеталиште 08/08/2026 07:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани