Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
citanje-kniga

Сè поголем број истражувања посочуваат дека читањето може да биде многу помоќно отколку што се мисли. Всушност, редовното читање е поврзано со понизок стрес, подобро помнење, заштита од умствен пад и деменција, па дури и со подолг живот. Имено, според нови испитувања од американскиот универзитет „Јејл“, луѓето што редовно читаат книги живеат во просек 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат. Новиот научен труд е објавен во „Журналот за неврологија“ (The Journal of Neuroscience).

Секој јануари многумина си поставуваат цел – конечно, да читаат повеќе. Му се враќаме на читањето одново затоа што звучи како здраво ветување за повеќе мир, здрава љубопитност и бегство од секојдневието.

– Кога ќе се изгубите во книга, често влегувате во состојба слична на транс, слична на медитацијата, а оваа состојба е длабоко заштитна. Значи, ако вашата новогодишна одлука е да читате повеќе, можеби правите повеќе отколку само надополнување на вашата библиотека. Вложувате во структурата на вашиот мозок, вашата емоционална отпорност и вашата сопствена долговечност – вели Зои Шо, психотерапевт од Лос Анџелес, која го истражувала односот меѓу читањето и долговечноста.

Ефектот на долговечноста: Зошто читателите на книги живеат подолго?

Идејата дека читањето може да помогне за подолг живот можеби звучи премногу добро за да биде вистинито, но истражувачите од Училиштето за јавно здравје при „Јејл“ ѝ даваат дополнителна научна тежина.

Во текот на 12 години истражувачите следеле 3.635 лица на 50 години и повозрасни прочучувајќи ја врската меѓу навиките за читање и преживувањето. Тие откриле дека луѓето што редовно читаат книги живееле во просек 23 месеци подолго – дури и кога ќе се земат предвид факторите, како образованието, приходот, основното здравје, депресијата и когнитивните способности. Со други зборови, самото читање било поврзано со поголема долговечност, а не само со придобивките што често ги имаат читателите.

Елизабет А. Л. Штајн-Мороу, истражувачка и професорка по пбразовна психологија на Универзитетот на Илиноис во Урбана-Шампејн, која не е вклучена во истражувањето на „Јејл“, се согласува со наводите, како и Рејмонд Мар, професор по психологија на Универзитетот „Јорк“ во Канада.

– Социјалната поврзаност е неверојатно важна за здраво стареење. А читањето фикција може да ни даде замена за социјално искуство. Кога читаме, ментално вежбаме врски, емоции и перспективи – дури и кога сме физички сами – вели проф. Мар.

Осаменоста денес се смета за фактор на ризик за предвремена смртност споредлив со пушењето и дебелината. Книгите помагаат во борбата против осаменоста нудејќи друштво без притисок и интимност без ранливост, а и читателите што учествуваат во клубови за книги исто така добиваат многу реална социјална корист. Натаму, друга причина зошто читањето ја подобрува долговечноста е тоа што се чини дека дејствува благотворно на намалување на стресот.

– Кога луѓето читаат, тие често влегуваат во фокусирана, но контемплативна ментална состојба. За некои, тоа дури станува и еден вид медитација и начин за другите медитативни практики. Смиреноста што ја носи читањето може да помогне во намалувањето на стресот и така да се поттикне долговечноста – објаснува проф. Мар.

– Ова има смисла бидејќи стресот е еден од најмоќните забрзувачи на стареењето – истражувањата покажуваат дека го зголемува воспалението во телото, го нарушува сонот, ја ослабува имунолошката функција и го оптоварува кардиоваскуларниот систем, дури и на молекуларно ниво. Накратко, читањето нежно го става нервниот систем во состојба на регулирање вклучувајќи го мозокот додека му овозможува на телото да се одмори – се надоврзува проф. Шо.

Но подолгиот живот е само дел од приказната – повеќето луѓе сакаат да го одржат својот мозок здрав како што стареат. Тука читањето може да има уште поголемо влијание. Во таа смисла стручњаците нагласуваат дека читањето не ги запира биолошките процеси на деменција, туку му помага на мозокот да функционира подобро и покрај нив.

– Читањето истовремено активира повеќе мозочни мрежи – јазик, внимание, меморија и имагинација, со текот на времето ја зајакнува когнитивната резерва – вели Шо. – Когнитивната резерва е способноста на мозокот да компензира за оштетувања или промени поврзани со возраста помагајќи му да остане флексибилен и отпорен како што старееме. Сите сме запознаени со принципот „искористи го или изгуби го тоа“, а читањето ги вежба нашите ментални мускули со тоа што нè тера да замислуваме нови искуства и идентитети пренесувајќи нè во нови, привлечни светови, кои ја стимулираат нашата љубопитност и барајќи од нас да задржиме многу информации во нашите умови – додаде таа.

На емоционално ниво, читањето е исто толку моќно, потсетува Мар.

– Нашето истражување се сосредоточува на потенцијалот на фикцијата да поттикне емпатија. Приказните нè ставаат во телото на луѓе со разни идентитети и искуства. За да ги разбереме, се потпираме на сопствените емоционални сеќавања, а оваа практика ја зајакнува нашата способност да ги разбираме другите во реалниот свет – појасни Мар.

Ник Батрик, доцент по социјална психологија на Универзитетот на Висконсин-Медисон, дополнително ги објаснува овие ефекти.

– Луѓето што читаат повеќе имаат тенденција да го гледаат социјалниот свет низ посложена леќа, што помага да се разбере секојдневниот свет на побогат и помалку стереотипен начин – вели тој.

Аудиокнигите и љубовта на мозокот кон зборовите

И аудиокнигите исто така се вклучени во овие совети, препораки и придобивки. Научниот труд открива дека мозокот ги обработува приказните речиси идентично, без разлика дали се читаат или се слушаат.

– И додека слушаме аудиокнига, сè уште градиме ментални модели на ликови и светови. Многу од истите процеси се вклучени – нагласи Мар.

Батрик се согласува забележувајќи дека не станува збор за движењето на очите на страницата, туку се работи за средба со различноста, предизвикот и новината.

– Аудиокнигите дури може да понудат и уникатни придобивки. Тие им овозможуваат на луѓето да ги комбинираат приказните со движењата, како одење или вежбање. И таа комбинација може да има дополнителни здравствени придобивки, а воедно и да го подобри и задржувањето на умственото здравје – надополнува проф. Шо.

Сè на сè, „читањето е активност на целиот мозок  – истовремено на помнењето, вниманието, важноста, емоциите и на имагинацијата“, се согласуваат психолозите.

– За да ги искористите овие придобивки од читањето, треба да го претворите во навика – но не мора да правите драстични промени. Така, од 10 до 30 минути на ден се доволни за да ги почувствувате значителните придобивки со текот на времето, па затоа најдобриот совет е: Едноставно, правете го тоа – вели Батрик.

Мар се сложува препорачувајќи: Планирајте го тоа време како што би планирале и секое друго нешто што го цените. Исто така, важно е навиката да ви донесе задоволство.

– Изберете книги што навистина ве интересираат, а не онакви за кои мислите дека мора да ги прочитате – советува Шо.

Затоа што, на крајот на краиштата, читањето носи многу повеќе корист од забавата, без разлика кога ќе почнете. Во таа смисла, стручњаците велат: Никогаш не е предоцна да се откријат – или преоткријат радоста и долгорочните придобивки од читањето.

Фото: Создадено со ВИ

Continue Reading

Претходно: „Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз
Следно: Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Поврзани вести

20261117103916_big_730x400_68
  • Занимливости

Белгиски пекар направи џиновски меден колач во форма на Свети Никола

Шеталиште 17/11/2026 10:34
14.11.2026-14
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.11.2026)

Шеталиште 14/11/2026 16:43
Bebe
  • Занимливости

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД

Шеталиште 11/11/2026 08:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир Screenshot_20261117_180245_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

17/11/2026 17:03
Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk 2
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

17/11/2026 16:47
Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп FB_IMG_1794933387204 3
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

17/11/2026 16:39
Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош large 4
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

17/11/2026 16:35
Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп opstina-prilep-1 5
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

17/11/2026 14:44

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261117_180245_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

Димитар Петковски 17/11/2026 17:03
Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

Васка М.Младеновска 17/11/2026 16:47
FB_IMG_1794933387204
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

Шеталиште 17/11/2026 16:39
large
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

Шеталиште 17/11/2026 16:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани