Јаник Синер го одбрани трофејот на Вимблдон откако во финалето го победи Александар Зверев со 3:1 во сетови, (6-7, 7-6, 6-3 , 6-4). Меѓусебниот скор на Јанир Синер против Александар Зверев се 11 победи и 4 порази во корист на италијанскиот тенисер.
Италијанскиот тенисер иако го загуби првиот сет, успеа да се врати и да го добие вториот сет со што започна падот на Зверев до крајот на натпреварот. Ова е прва голема титула за Италијанецот оваа календарска година, иако во 2026 година победи на сите АТП 1000 турнири на кои учествуваше.
Александер Зверев со овој пораз ја пропушти шансата да стане првиот тенисер во професионалната ера кој успеал да ја освои својата втора Гранд слем титула веднаш на следниот голем турнир по освојувањето на првата.
Фото Вимблдон.ком

