Итна седница на СЗО поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја

0
Споделивања

Светска здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итна седница поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја од што починаа девет луѓе, а пријавени се 16 сомнителни случаи.

Вирусот Марбург е многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, со симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја. Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани.

Во Екваторијална Гвинеја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на вирусот Марбург. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата.

За денеска е предвидена и средба на претставници на СЗО и на конзорциумот Марвак, на кој ќе се промовира меѓународната соработка за развој на вакцини против вирусот Марбург.

0
Споделивања
Exit mobile version