Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

ИЈЗ: Расте бројот на заболени од грип, засега нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Шеталиште 15/01/2026 13:51
grip-opsta-pexels-1

Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Пикот на грипот се очекува на крајот на месецов до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на заболени почна неколку недели порано од очекуваното, изјави денеска раководителот на одделот за Епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Драган Кочински.

 

Тој рече дека со оглед на тоа што има средна активност на грипот, тоа засега не дава можност да даваме некакви претерани мерки кои би зафаќале граѓаните, нешто како продолжување на зимскиот распуст.

 

– Доколку има каква било промена ќе апелираме и ќе дадеме соодветни мерки. Се забележува дека има зголемување на бројот на хоспитализирани и кај возрасните и кај децата и тоа е очекувано за овој период од годината и не се целосно исполнети капацитети на болниците. Комисијата за заразни болести во текот на вчерашниот ден заседаваше и ќе излезе со соодветни препораки. Се препорачува при посета во болница ако таа не е забранета, посетителите да носат маски, рече д-р Кочински.

Тој истакна дека споредено со истата недела од минатата сезона, се регистрира зголемување на бројот на заболени за 2,2 пати, а ако се спореди со просекот од последните 15 сезони, има зголемување од 39,1 процент.

– Во текот на оваа недела има ниво на средна активност на вирусот на грип. Најголем број заболени 1.378 заболени се на возраст од 15 до 64 години, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години и од пет до 14 години. Регистрирани се заболени лица во 25 од 31 регион во државата. Најголем број 556 заболени има во Скопје, а потоа следат Тетово-308, Куманово-266, Охрид-202 итн. Во пет регионални центри има многу висока активност на грипот и тоа во Дебар, Охрид, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино, додека во четири има висока активност, средна активност има во шест центри за јавно здравје, а во седум се бележи сезонска активност на грипот, рече д-р Кочински.

Како што вчера беше информирано, посочи тој, во текот на втората недела е пријавен еден смртен случај асоциран со грип.

– Се работи за жена од 75 години од Скопје, која била хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Кај неа биле регистрирани коморбидитети, не била вакцинирана против сезонски грип и лабораториски било потврдено присуство на инфлуенца А, истакна д-р Кочински.

Потенцира дека во лабораторија на ИЈЗ во текот на втората недела пристигнати се 99 материјали од 26 се позитивни за присуство на грип, а имаме и детектирано и седум случаи на респираторен синцициски вирус и еден случај на Ковид-19.

– Досега во текот на сезоната од почетокот на октомври до 11 јануари има 6.147 заболени од грип. Споредено со истиот период од минатата сезона има зголемување на бројот за 2,6 пати, а во однос на просекот има зголемување од 27 проценти. Само во Берово, Делчево и Пехчево нема регистриран случај на грип. Кумулативно досега од пристигнати 515 материјали во ИЈЗ за тестирање, 65 се позитивни на грип сите се со инфлуенца А, а доминира инфлуенца АХ3 односно со 66 проценти од позитивните. Има шест позитивни на Ковид-19 и 21 позитивен на респираторен синцициски вирус, рече д-р Кочински.

Осврнувајќи се на општите мерки, појасни дека се препорачува избегнување простории со голем број луѓе особено ако меѓу нив има такви кои имаат симптоми на респираторно заболување, кашлање, кивање, температура.

– Да се проветруваат простории, да се затоплуваат, да се носи слоевита топла облека, да се консумираат витамини, минерали, природно цедени сокови, се што може да го подобри имунитетот. При заболување од грип или друго акутно заразно заболување со респираторна симптоматологија, треба да се остане дома. Децата кои имаат симптоми на акутно респираторно заболување не треба да се носат во градинка и училиште. Ако симптомите не се повлекуваат или се влошуваат децата треба да се однесат кај матичен лекар или инфектолог за медицинска помош. Најдобра мерка за превенција е вакцинацијата против грип. Во Македонија сезонава има нешто повеќе од 79.000 лица вакцинирани против грип, додаде д-р Кочински.

Continue Reading

Претходно: „Приказната за Силјан“ викендов ќе се прикажува во Прилеп
Следно: Ристески: Треба да се поддржи секој закон што го штити здравјето, вклучително и оној против пушење

Поврзани вести

Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво

Шеталиште 10/06/2026 09:10
soncevoo
  • Македонија

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Шеталиште 10/06/2026 07:28
fzom-1-750x430-1
  • Македонија

ФЗОМ ќе презентира податоци и измени во цените за ПАП и ХПВ тестирање

Шеталиште 10/06/2026 07:27
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki 1
  • Македонија

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво

10/06/2026 09:10
Девизните резерви 5,21 милијарда евра evra-pari-evra 2
  • Економија

Девизните резерви 5,21 милијарда евра

10/06/2026 07:29
Сончево и топло, попладне локален пороен дожд soncevoo 3
  • Македонија

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

10/06/2026 07:28
ФЗОМ ќе презентира податоци и измени во цените за ПАП и ХПВ тестирање fzom-1-750x430-1 4
  • Македонија

ФЗОМ ќе презентира податоци и измени во цените за ПАП и ХПВ тестирање

10/06/2026 07:27
Основците и средношколците ја завршија учебната година image (6) 5
  • Македонија

Основците и средношколците ја завршија учебната година

10/06/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво

Шеталиште 10/06/2026 09:10
20221230-godishen-horoskop-za-2023-godina-m
  • Астрологија

Дневен хороскоп (10.06.2026)

Шеталиште 10/06/2026 07:31
evra-pari-evra
  • Економија

Девизните резерви 5,21 милијарда евра

Шеталиште 10/06/2026 07:29
soncevoo
  • Македонија

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Шеталиште 10/06/2026 07:28

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани