Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините

Шеталиште 10/08/2026 07:21
20260810090358_big_730x400_92

Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз нормалните реакции на организмот на топлина, се наведува во денешното соопштение на Институтот за јавно здравје, каде се наведени и мерки и препораки за оваа група на граѓани.

Од Институтот упатија порака да се почитуваат мерките и препораките за заштита од високи температури наменети за општата популација, а особено да се обрнете внимание на некои од препораките.

– Избегнувајте изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Носете лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод. При изложување на сонце користете средство за заштита од сонце со заштитен фактор (SPF) 30 или повисок. Внесувајте доволно течности и не чекајте да почувствувате жед за да пиете вода. Избегнувајте алкохолни пијалаци и ограничете го внесот на пијалаци што содржат кофеин. Доколку вашиот лекар ви го ограничил внесот на течности поради одредена здравствена состојба, консултирајте се со него за количеството течности што треба да го внесувате за време на топлото време. Одржувајте пријатна температура во домот и избегнувајте негово дополнително загревање. Во текот на денот користете ролетни, завеси или други начини за заштита од директна сончева светлина, а просториите проветрувајте кога надворешната температура е пониска. Доколку користите уред за климатизација, избегнувајте прекумерно разладување на просторијата и нагли температурни промени. Избегнувајте користење шпорет, рерна и други уреди што дополнително го загреваат домот во периодот од 13 до 17 часот – се дел од советите.

Исто така, се препорачува телото да се разладува.

– Разладувајте го телото. Туширајте се со млака или посвежа вода, користете влажни крпи и престојувајте во најладниот дел од домот или во климатизирана просторија, доколку е достапна. Доколку имате хронично заболување, особено внимателно почитувајте ги препораките и редовно земајте ја пропишаната терапија. Не ја менувајте и не ја прекинувајте терапијата без консултација со лекар. При промена или влошување на здравствената состојба, задолжително консултирајте го вашиот избран – матичен лекар. Одржувајте редовен контакт со членовите на семејството, пријателите и соседите. Доколку живеете сами, особено е важно во периоди на високи температури да одржувате редовна комуникација со блиските лица, со цел навремено препознавање на евентуални промени во здравствената состојба и обезбедување помош доколку е потребно – потенцираат од Институтот.  

 

 

 

 

 

 

Фото: Институт за јавно здравје

Миа

Continue Reading

Претходно: Денеска многу топло, температури до 40 степени
Следно: Нафтата поскапува: неизвесноста околу Ормускиот Теснец ги загрижува пазарите

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

14/09/2026 04:50
ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“ mkd-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

13/09/2026 12:39
Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 4
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36

Можеби сте пропуштиле

filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани