НАЈНОВО

Македонија

И денеска затворени дел од сообраќајниците во Скопје, ќе се прави генерална проба за состанокот на ОБСЕ

Во главниот град денеска ќе се прави генерална проба за претстојниот Министерски совет на ОБСЕ. Поради тоа, МВР информира дека во периодот од 9 до 12 часот ќе важи посебен сообраќаен режим, а за сообраќај ќе бидат затворени неколку улици.

„Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: булеварот ‘Илинден’ од крстосницата со булеварот ‘Св.Климент Охридски’ до крстосницата со улицата ‘Љубљанска’, како и булеварот ‘8 Септември’ од крстосницата со улицата ‘Скупи’ до крстосницата со булеварот ‘Партизански Одреди’“ – информираат од МВР.

Поради посебниот режим на сообраќај, во периодот од 9 до 12 часот изменет возен ред ќе имаат и автобусите со број 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

Линиите 8 и 15А наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Автобусите со број 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните терминали во населбите Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (кај стара телевизија) каде што ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Линиите18, 21А и 118 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (кај Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

Поврзани новости