Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

И фриленсерите и закупците имаат обврска да поднесат даночна пријавa

Шеталиште 13/01/2026 13:50
UJP-foto

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои до крајот на 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од оданочив промет на добра и услуги, дека имаат законска обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).

Обврската за ДДВ регистрација се однесува и на физички лица кои изнајмуваат деловен простор, даваат менаџерски, правни, економски, инженерски и занаетчиски услуги, држат приватни часови, продаваат земјоделски производи или вршат друг оданочив промет, доколку во текот на 2025 година го надминале законскиот праг.

Од УЈП појаснуваат дека вкупниот промет за ДДВ цели го опфаќа прометот од продажба на добра и извршени услуги во текот на годината, но во него не се вклучуваат промети ослободени од ДДВ без право на одбивка, како што се изнајмување на станбен простор за живеење, здравствени и осигурителни услуги, услуги за изучување странски јазици, меѓународен превоз на патници и слично.

Исто така, во вкупниот промет не се пресметуваат ниту услугите извршени кон странски даночни обврзници кои не подлежат на оданочување со ДДВ, како што се консултантски, адвокатски и ИТ услуги.

За обврзниците кои започнале со работа во текот на годината, годишниот промет за ДДВ цели се утврдува со пресметка на просечниот месечен приход, кој потоа се множи со 12 месеци. Како пример, УЈП наведува дека лице кое од јули 2025 година остварувало месечен приход од 200.000 денари, на годишно ниво би достигнало 2,4 милиони денари, со што се стекнува со обврска за ДДВ регистрација.

Пријавите за регистрација за ДДВ може да се поднесат и доброволно, а крајниот рок е утре, 15 јануари 2026 година. Поднесувањето се врши електронски преку системот е-tax, лично во организациските единици на УЈП или по пошта. Физичките лица – ДДВ обврзници се должни да обезбедат дигитален сертификат (USB токен) за електронско потпишување на пријавите.

Истовремено, УЈП информира дека обврзниците кои не оствариле промет над 2.000.000 денари во претходната година и кај кои поминале најмалку три години од регистрацијата, можат да поднесат барање за дерегистрација од ДДВ. Истото важи и за оние кои во последните две години имале промет под законскиот праг и не искажале претходен данок за одбивање.

Пријавата за отповикување на ДДВ регистрацијата (образец ДДВ-01Б) исто така се поднесува најдоцна до утре, 15 јануари. Од УЈП потсетуваат дека институцијата може и службено да ја прекине ДДВ регистрацијата доколку утврди непријавување промет, неподносување даночни пријави, недостапност на обврзникот на пријавената адреса или случаи на даночно затајување пренесува вечер прес.

Continue Reading

Претходно: По 13 години нафтоводот Солун – Скопје повторно пуштен во функција, пристигна првата пратка дизел
Следно: Амбасадорката Агелер на простална средба кај претседателката Сиљановска Давкова

Поврзани вести

nafta-1
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

Шеталиште 18/06/2026 07:48
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48
paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани