Пред околу 111 години на Божиќ 1914 година, илјадници германски и британски војници на западните фронтовски линии на Европа престанаале да се борат. Попознато како “Божиќното примирје”, за време на Првата светска војна, која започнала на 24. декември 1914 година и траела неколку дена, се случила во месноста Арментиерес, блиску до Лил и границата со Белгија.
Како германците и британците всушност почнале да играат фудбал ?
На Божиќ 1914 година, Германците и Британците почнале да играат фудбал едни против по предлог на првиот поручник Курт Земиш, командант на чета од Плауен (Германија) во 10-тиот кралски саксонски пешадиски полк, чија чета тогаш била стационирана во близина на шумата Плоегстерт. Тој известил дека „неколку Англичани извадиле фудбалска топка од нивниот ров и започнал фудбалски натпревар помеѓу војниците“. Легендата вели дека германско-саксонските трупи победиле со 3-2.

Бројни весници во Англија но и во Германија известуваат потоа дека, војниците од Лајпциг, каде што во 1900 година е основана Германската фудбалска асоцијација, биле особено заинтересирани за фудбалски натпревари. Британскиот весник „Тајмс“ беше првиот што објави за германска победа над англиски тим, цитирајќи го саксонскиот прв поручник Ниман, кој придонесе за легендата со тоа што објави победа од 3-2 за неговиот саксонски тим. Дневникот на Ланкаширските фузилиери исто така споменува победа од 3-2 за „Фрицен“ (прекар за Германците). Сепак, во овој случај, победничкиот гол наводно бил постигнат од офсајд позиција.

Слични сцени на божиќно збратимување се случиле и други места на тлото на Европа за време на “Божиќното примирје” од 1914 година на други фронтови каде што Германците биле окупатори и се соочувале со трупи на војници од англиски, шкотски, ирски или велшки земји. Тие ги погребувале паднатите војници заедно, разговарале и разменувале мали божиќни подароци, но и останати подароци како: цигари, пури или пиење заедно од шише шнапс, виски или рум.
Фото : IMAGO / United Archives International

