Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Како бременоста влијае на мозокот на трудницата?

Шеталиште 26/01/2026 16:43
Bremena-zhena

Иако е нормално телото на жената да се менува за време на бременоста, ново истражување посочува како таа состојба влијае и на мозокот на жената. Истражувачите, имено, го проучувале мозокот на здрава 38-годишна трудница низ целата нејзина бременост и две години по породувањето. Тие направиле 26 магнетнорезонантни скенирања и крвни тестови. Сѐ тоа е споредено со податоци од осум лица кои не биле бремени.

Според порталот „Кликс“, наводите говорат дека мозокот на жената претрпува неколку промени за време на бременоста.

Лаура Притшет – една од авторите, и нејзиниот тим откриле дека, заедно со зголемувањето на естрогенот и прогестеронот, кај сивата материја во мозокот на бремената жена – почнувајќи уште од деветтата недела е забележано истенчување на кортексот, што природно се јавува во стареењето, како и зголемена бела материја. Инаку, белата материја сочинува околу 60 отсто од мозокот и помага во обработката на информациите. Некои од промените, вклучително и намалувањето на сивата материја, останале и две години по породувањето, додека други – како што е зголемувањето на белата материја, биле привремени.

И претходни трудови, исто така, ги испитувале промените во мозокот за време на бременоста, вклучително и намалување на сивата материја, како и на општата големина на мозокот. Психологот Санам Хафез за порталот „Перентс“ (Parents), вели оти ваквите мутации би можеле да му помогнат на мозокот да се справи со мајчинството.

– Со тоа што ќе ги подготви жените да поминат повеќе време со новороденчето, тие се справуваат со стресот. Иако некои когнитивни функции како што е помнењето може да изгледаат привремено изменети, основната невронска преорганизација, се чини, ги поттикнува социјалните и емоционалните промени за време на овој клучен период на развој, изјави д-р Хафез.

Неврологот и автор на блогот „Посветлата, посјајна ти!“ (Lighter, Brighter You!), Делија Меккејб додава дека овие промени имаат интуитивна смисла бидејќи мозокот треба да се промени за да се осигури дека следната генерација има најдобри шанси да напредува. Нејзината колешка Ејми Рајхелт дополни дека испитувањата врз животни покажаа дека хипокампусот – клучен за меморијата и просторната навигација, доживува промени што може да помогнат со умствените потреби и барања за грижа за новороденчето.

– Покрај тоа, функционалната поврзаност меѓу различните мозочни мрежи е изменета, што укажува на широко распространета преорганизација за поддршка на преминот кон мајчинството, појасни д-р Рајхелт.

Заборавањето е уште една честа појава во бременоста. Д-р Хафез нагласува дека наместо доказ за некаков вид дегенерација на мозокот, новото истражување укажува дека за време на бременоста се случува приспособување на мозокот и овие промени не се штетни, па дури може да бидат и здрави. Таа објасни и дека осцилациите во емоционална смисла се сосема нормални бидејќи хормоналните промени влијаат и на регулацијата на расположението.

Фото: Фрипик

Continue Reading

Претходно: Граѓаните ќе плаќаат и до 2.000 евра повеќе за стари автомобили
Следно: Основен суд Битола: Јавноста да се воздржи од непроверени информации кои го нарушуваат угледот на судството

Поврзани вести

Pretty bride with flowers
  • Забава
  • Занимливости

Девојка од Хрватска објави оглас за венчаница, и стана хит

Шеталиште 16/02/2026 15:13
Mladenci
  • Забава
  • Занимливости

Младенци предизвикаа бурни реакции: Гостите мораа да платат 75 долари доколку сакаат да присуствуваат на свадба

Шеталиште 16/02/2026 15:10
Саботно „корзо“ на битолчани (14.02.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.02.2026)

Шеталиште 14/02/2026 17:13
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 1
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 2
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 3
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19
Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши venko-filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

16/02/2026 15:18
Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата venko 5
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата

16/02/2026 15:17

Можеби сте пропуштиле

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
venko-filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

Шеталиште 16/02/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани