Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Како влијае дијабетот на нашето расположение?

admin 13/04/2023 00:00
61240193-dijabetes-secer-u-krvi-krv-nalaz

Дијабетот како еден од најчестите здравствени проблеми кај нас и во светот, покрај тоа што го погодува нашето физичко здравје, според голем број истражувања влијае и на нашето ментално здравје и расположение.

Првиот и очигледен проблем кој се јавува поради дијабетот е променливото и нестабилно ниво на енергија. Ова може да доведе и до нестабилност и променливост во расположението, да предизвика раздразливост, иритираност, нервоза, анксиозност, нетрпеливост и сл. Во овој поглед, голем број истражувања покажуваат дека дијабетичарите може да имаат потешкотии во одржувањето на константно и стабилно расположение, а тоа пак може негативно да влијае на нивниот однос со луѓето околу нив.

Дополнително, самата здравствена состојба – дијабетот, може да биде извор на еден вид „психичко оптоварување“, стрес и анксиозност кај пациентите, поради самото сознание за оваа живото-загрозувачка болест. Секојдневното внимавање на исхраната, мерењето на шеќерот во крвта, внимавањето на симптомите – може да предизвика константен, хроничен стрес, со негативен одраз и врз расположението. Според некои истражувања околу 25% од луѓето со дијабет тип 1 и околу 15% од луѓето со дијабет тип 2, чувствуваат ваков притисок, стрес и анксиозност. Исто така, одредени глобални статистики покажуваат дека дури 25% од лицата со дијабет имаат некаков степен на депресија. Се смета дека хипергликемијата (покачениот крвен шеќер) се манифестира преку чувство на нервоза, тага и вознемиреност, додека хипогликемијата (низок крвен шеќер) се препознава преку надразливост, глад и иритираност.

Силните варијации во нивото на шеќер во крвта, предизвикуваат брзи промени во нивото на енергија и расположението, не само кај дијабетичарите туку и кај навидум здравите индивидуи кои често консумираат храна богата со рафинирани (прости) шеќери. Имено, брзите скокови, т.н „пикови“ во нивото на шеќер во крвта кои се препознаваат преку зголемената енергија, се проследени со високо излачување на инсулин и брз пад на нивото на шеќер во крвта, поради што потоа настанува чувство на замор, безенергичност и раздразливост.

Како можеме позитивно да влијаеме врз ваквата состојба?

Како и со останатите проблеми кои се јавуваат како резултат на дијабетот, најдоброто решение најверојатно лежи во навремените, превентивни чекори. Тоа значи препознавањето на раните симптоми на пре-дијабетот и дијабетот, за негово порано дијагностицирање, а со тоа и навремен третман и лекување. А ова пак подразбира и внимавање и регулирање на исхраната, редовност во физичката активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл.

Сето ова, може да ја промени на подобро целосната здравствената состојба кај лицата со дијабет.

Continue Reading

Претходно: Влада: Во изминатото деноноќие произведени се 11.059 MWh електрична енергија
Следно: Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

Поврзани вести

Bebe
  • Живот
  • Здравје

Ползењето е исклучително битно за здрав ран развој на детето

Шеталиште 01/12/2025 09:38
kosa
  • Живот
  • Мода и убавина

Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом

Шеталиште 24/11/2025 09:56
Amazon
  • Живот
  • Технологија

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Шеталиште 21/11/2025 11:27
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај milevski-ffm-1536x1024 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

04/12/2025 12:08
Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

04/12/2025 07:29
Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози Soobrakjaj 3
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

04/12/2025 07:27
Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование sobranie 4
  • Вести
  • Македонија

Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование

04/12/2025 07:27
ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата dksk 5
  • Вести
  • Македонија

ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата

04/12/2025 07:26

Можеби сте пропуштиле

milevski-ffm-1536x1024
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

Димитар Петковски 04/12/2025 12:08
IMG_4351
  • Култура
  • Настани

Гости од Вуковар за Божиќниот концерт на Хрватскиот културен центар во Битола

Шеталиште 04/12/2025 07:33
Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Шеталиште 04/12/2025 07:29
Soobrakjaj
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Шеталиште 04/12/2025 07:27

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани