Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Како текстилниот отпад станува можност за зелени и инклузивни работни места

Шеталиште 15/01/2026 17:27
616133675_2010734732994112_1085790838448351906_n

Колку навистина знаеме за потенцијалот на текстилниот отпад да создаде зелени, локални и инклузивни работни места? Одговорот започнува со информираност – и со конкретна акција.

Секоја година во Европа се фрлаат околу 5,8 милиони тони текстил, од кои најголемиот дел завршува на депонии или во инсинератори, оставајќи сериозни последици врз животната средина. Но што ако старата облека може да добие нов живот? Што ако токму таа може да создаде работни места, да ги зајакне локалните економии и да придонесе кон поодржлива иднина?

Социјалните претпријатија во секторот за повторна употреба покажуваат дека тоа е возможно. Тие нудат обуки, фер плати и достоинствени услови за работа, а воедно придонесуваат за заштита на животната средина. Просечно, едно социјално претпријатие може да создаде од 20 до 35 работни места на секои 1.000 тони собран текстил.

Проектот VERDEinMED го прикажува токму овој пристап во своето ново видео, со фокус на Северна Македонија и примената на локални решенија за управување со текстилниот отпад.

Од 1 јануари 2024 година, во земјата е во сила Законот за проширена одговорност на производителите, со кој се регулира постапувањето со текстилните производи по завршувањето на нивниот животен циклус. Во рамки на овој систем, три лиценцирани компании се задолжени за селекција, собирање и транспорт на текстилен отпад, овозможувајќи негова повторна употреба, рециклирање или трансформација во иновативни производи.

Тие инвестираат во инфраструктура преку поставување специјализирани контејнери, спроведуваат едукативни програми во училиштата и медиумски кампањи за подигнување на јавната свест дека текстилниот отпад е вреден ресурс, а не отпад.

„Транзицијата кон циркуларна текстилна економија не е само еколошка неопходност, туку и социјална можност. Текстилниот отпад повеќе не треба да се гледа како товар, туку како вреден ресурс за одржлив развој,“ истакна Наташа Сивевска, координаторка на проектот, текстилен инженер и аудитор за еколошка и социјална усогласеност од ТТАЗ– Текстилниот кластер.

Новото видео на проектот VERDEinMED, реализирано од ТТЗ – Текстилниот кластер во соработка со Моден Викенд Скопје, испраќа јасна порака: иновациите, соработката и едукацијата се клучни за создавање отпорен и одржлив текстилен сектор.

Како секој од нас може да придонесе за позитивни промени во 2026 година:

-Донирајте облека за повторна употреба

-Избирајте second-hand производи

-Поддржувајте политики за циркуларна текстилна економија

-Следете ја платформата за знаење: knowledge.verdeinmed.eu

Погледнете го видеото и откријте како секој од нас може да придонесе и да стане дел од решението.

Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?v=VMDF28GzCg0

Заедно можеме да ја трансформираме модата во поодржлива и поправедна индустрија.

Следете го проектот VERDEinMED и бидете дел од промената!

Continue Reading

Претходно: Довербата има свој знак – Mint Store со беџ за верификуван е-трговец
Следно: Екстремен студ и температури до -25°C по Водици

Поврзани вести

DSC02056
  • Промо

КС Групација ја реализираше својата 18- та крводарителска акцијa

Шеталиште 17/06/2026 09:46
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
Naslovna MINT
  • Промо

Подарок што никогаш нема да биде погрешен

Шеталиште 10/06/2026 11:01
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани