Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Мода и убавина

Како храната, алкохолот и постот влијаат на мирисот на телото?

Шеталиште 11/11/2025 14:36
telo

Секој човек има уникатен мирисен профил, слично како отпечаток од прст. Сè, од типот на личност, екстровертноста, доминантноста и невротичноста, до расположението и здравјето, влијае на тоа како таа личноста мириса. Многу од овие фактори се вон контрола на човекот – но, не сите. И храната што се јаде има значително влијание. Тоа влијае, не само на нашиот целокупен мирис на телото, туку и на тоа како другите нè гледаат, вклучително и колку привлечни им изгледаме, според мал, но растечки број истражувања, пишува Софија Кваља за „Би-би-си“. Инаку, освен храната, и постот има влијание и врз мирисот на телото.

За здивот и потта

Податоците покажуваат дека околу една третина од возрасните ширум светот имаат некаков вид на халитоза, т.е. здив со лош мирис.

– На биолошко ниво, храната влијае на мирисот на нашето тело на два главни начина. Тоа се нашите црева и нашата кожа… Како прво – цревата. Додека храната се вари, бактериите во цревата ги разградуваат хранливите материи. Некои од овие хемиски реакции ослободуваат гасови – испарливи молекули што излегуваат од телото, вели Бегдаче. Ова може да предизвика лош здив или халитоза, во зависност од тоа што јадеме, вели Лина Бегдаче – доцент на Државниот универзитет на Њујорк во Бингамтон.

Сепак, американскиот научник вели оти постојат и други причини за тоа, освен варењето на храната.

– На второ место е кожата. Хемикалиите од храната, откако ќе се метаболизираат, патуваат низ крвотокот и стигнуваат до ткивата. Некои се излачуваат преку потта, каде што реагираат со бактериите на кожата и создаваат мирис, додава Бегдаче.

И потта, сама по себе нема мирис – бактериите што се размножуваат во неа го предизвикуваат непријатниот мирис. Најчестиот „виновник“ за тоа е сулфурот. Сепак, занимливо е што некои истражувања покажуваат дека сулфурните соединенија понекогаш можат да ја направат личноста попривлечна.

Овошје и зеленчук

Брокулата, зелката, прокељот и карфиолот се здрави, но се полни со сулфурни соединенија. Кога овие соединенија патуваат низ крвотокот и стигнуваат до кожата, потта може да добие остар мирис, според нутриционистката Кери Бисон.

Лукот и кромидот, пак – исто така влијаат на мирисот на здивот, но и потта, бидејќи овде се работи за разградување „смрдливи соединенија“, како дијалил-дисулфид и алил-метил-сулфид кога се метаболизираат. Овие соединенија испаруваат во различни фази – веднаш по јадењето, а некои дури и по половина час. Сепак, истражувањата покажаа дека иако со лукот, здивот добива лош мирис, всушност може да Ве направи попривлечни.

Во едно испитување, 42 мажи носеле влошки што впиваат пот под пазувите 12 часа. Оние кои јаделе многу лук биле оценети како значително попривлечни.

– Го повторивме испитувањето три пати затоа што нè изненади, рече научникот Јан Хавличек од Карловиот Универзитет во Чешка, додавајќи дека верува оти антиоксидантните и антимикробните својства на лукот можат да придонесат за попријатен мирис на телото.

Шпарглата содржи соединение наречено аспарагинска киселина, коешто ослободува сулфурни соединенија за време на варењето, па и тоа се одразува на урината и потта и нивниот мирис. Овие мириси можат да траат со часови, но не се јавуваат кај секого, бидејќи таа способност зависи и од генетиката.

Општо земено, колку повеќе овошје и зеленчук јадеме, толку попријатен станува нашиот мирис. Претходно истражување спроведено во Австралија откри дека луѓето кои јаделе повеќе храна заснована на растенија, имале попријатна, „овошна и цветна“ пот. Оние кои јаделе храна богата со каротеноиди (како што се моркови, тиква и домати), исто така, имале попривлечни тонови на кожата. Спротивно на тоа, диетите богати со јаглехидрати лачат најмалку привлечни мириси.

– Постојат многу голем број ароматични соединенија, а за повеќето од нив не знаеме точно како функционираат… Но, тие, веројатном имаат поголемо влијание отколку што мислиме, додаде Хавличек.

Месо и риба

Истражувањата покажуваат дека мажите кои не јадат месо, мирисаат попријатно, поблаго и попривлечно од оние кои јадат месо. Оваа храна може да предизвика мирис на телото бидејќи протеините се разградуваат на аминокиселини и масти коишто се излачуваат преку потта. Рибата и гравот содржат триметиламин – супстанција со многу непријатен мирис. Постои и ретко нарушување наречено триметиламинурија или „синдром на мирис на риба“, кое го спречува разградувањето на ова соединение.

– За изненадување, месото го влошило мирисот… Современите луѓе јадат многу повеќе месо отколку нашите предци, вели д-р Хавличек.

Алкохол и кафе

Алкохолните пијалаци – особено кога се внесуваат почесто и во големи количини, може да предизвика миризба. Кога се разградува од црниот дроб, тој ослободува ацеталдехид, испарливо соединение со силен, застоен мирис на алкохол. А, исто така, алкохолот го дехидрира телото и го намалува производството на плунка, што поттикнува размножување на бактериите и подолготраен лош здив.

Според истражувањата, кај луѓето, кои пијат алкохол секој ден, има поголема веројатност да имаат лош здив и повеќе сулфурни соединенија во здивот.Од друга страна пак, мажите кои пијат пиво за време на експериментот, биле „попривлечни“ – но, само за комарците.

Кофеинот во кафето и чајот ги стимулира потните жлезди – особено во пазувите и препоните, создавајќи услови за повеќе бактерии, што пак, може да го заостри мирисот на телото. Иако молекули на кофеин се пронајдени во потта, сè уште не е јасно дали самиот кофеин го менува мирисот на телото.

Пост

Занимливо е што и постењето може да го промени мирисот на телото. Во еден експеримент, жени кои постеле 48 часа, имале поблаг мирис на пот од оние кои јаделе нормално. Притоа, сепак, се покажа дека постот го влошува мирисот на здивот. Научниците, општо земено, се согласуваат дека не постои универзална формула за тоа како храната влијае на мирисот на телото и перцепцијата за привлечност. Заклучокот гласи – има многу варијации.

Фото: Фрипик

Continue Reading

Претходно: Дуелот Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед, ЕХФ го прогласи за „Меч на неделата“
Следно: „Опен-АИ“ изгуби тужба за употреба на текстови на песни во Германија

Поврзани вести

lovestori
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Македонија
  • Свет

Македонско запросување во Германија, Методија ја побара Наталија среде Лајпциг за жена!

Димитар Петковски 16/05/2026 09:49
robot-sah
  • Живот
  • Технологија

Руски научници конструираа робот шахист со вештачка интелигенција

Шеталиште 23/04/2026 13:46
smart
  • Живот
  • Автомобили

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември

Шеталиште 23/04/2026 13:40
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола reka-dragor-bitola 1
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

09/06/2026 11:56
Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига! 3456 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

09/06/2026 10:49
Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено avion-1-2 3
  • Балкан

Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено

09/06/2026 08:40
Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа img_3869-700x375 4
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

09/06/2026 08:01
Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт terapont-780x470 5
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

09/06/2026 07:46

Можеби сте пропуштиле

NASLOVNA Mint-172
  • Промо

MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи

Шеталиште 09/06/2026 13:10
skijatos-leto-lider-travel-10-1024x536-1
  • Патувањa

Сардинија воведе строги правила за плажите: за крадење песок казна до 3.500 евра

Шеталиште 09/06/2026 11:58
reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани