Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Каматните стапки нема да паднат: За НБРМ неизвесноста е висока

Шеталиште 28/07/2026 12:08
23022018131713_web_nbrm-1

Народната банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4,25 проценти, по редовната седница на Извршниот одбор одржана на 28 јули. Одлуката следува по јунското зголемување на каматата и се темели на најновите економски показатели и проценките за ризиците во домашното и меѓународното окружување.

Од Народната банка посочуваат дека девизниот пазар останува стабилен, а девизните резерви се на сигурно ниво и се доволни за одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Годишната инфлација во јуни забавила на 3,4 проценти, што е пониско од очекувањата. Сепак, централната банка оценува дека е потребно повеќе време за да се потврди дека овој тренд е одржлив, особено поради високата неизвесност поврзана со геополитичките случувања, конфликтите на Блискиот Исток и во Украина и нивното влијание врз цените на енергенсите и синџирите на снабдување.

Во соопштението се наведува дека домашната економија и натаму покажува отпорност. Во првиот квартал од годинава бруто-домашниот производ пораснал за 3,1 процент, а достапните показатели упатуваат на можност за дополнително забрзување на економската активност во вториот квартал.

Народната банка истакнува дека ќе продолжи внимателно да ги следи економските и финансиските движења во земјата и во странство и, доколку биде потребно, ќе ги искористи сите расположливи инструменти за зачувување на ценовната и финансиската стабилност пренесува фокус.

 

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Нафтата на светските берзи паѓа, очекуваме пониски цени на горивата
Следно: Селекција на врвни детски театри од седум земји ќе учествува на јубилејното издание на „Битолино“

Поврзани вести

nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Шеталиште 10/08/2026 11:01
nafta-1
  • Економија

Нафтата поскапува: неизвесноста околу Ормускиот Теснец ги загрижува пазарите

Шеталиште 10/08/2026 07:23
20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 1
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 2
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 3
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 4
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36
МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 5
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
img_7182-1024x576
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

Шеталиште 14/08/2026 10:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани