Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Камерен Оркестар на Битола ја отвори својата прва сезона како национална установа со класичен концерт „Барокна Фантазија“

admin 27/03/2024 00:00
nu-kameren-orkestar-na-bitola-ja-otvori-svojata-prva-sezona-kako-nacionalna-ustanova-so-klasichen-koncert-barokna-fantazija-26

Во свечената камерна сала на Офицерскиот дом во Битола, минатата вечер НУ Камерен Оркестар на Битола го изведе својот прв концерт како национална установа, означувајќи го почетокот на својата прва официјална сезона. Концертот „Барокна Фантазија“ беше патување кое ги оживеа најубавите моменти од барокниот период, и ги спои историјата, културата и уметноста преку моќта на музиката.

Програмата вклучуваше дела од маестралните композитори Хендел, Вивалди и Бах, кои со виртуозност беа изведени од Симон Поповски (виолина), Ангела Димковска (флејта), и Дејан Цветковски (виолончело), првите вработени музичари во оркестарот. Со својата изведба, гостинот на концертот, сопранот Биљана Јосифов, го дополни волшебството на вечерта, овозможувајќи музичко патување низ времето и просторот.

Директорот на оркестарот, Владимир Димовски, го дели својот личен пат кон остварувањето на оваа визија:

Јас бев четврта година средно кога мојот професор по виола Никола Трајановски со кого подоцна ги организиравме концертите на Камерен оркестар, ме повика да свирам во оркестарот кој тогаш го раководеше Зоран Маневски. Како млад ентузијаст со многу соништа уште тогаш помислив колку би било добро градот Битола да има професионален оркестар во кој ќе се вработат млади луѓе кои после факултет ќе си дојдат во својот град. На неверување на многумина се оствари мојот и се надевам сонот на голем дел од музичарите во Битола, се случија првите вработувања во оркестарот благодарение на Министерството за култура. Искрено се надевам дека ова не се последни вработувања во оркестарот и дека заеднички ќе се бориме до пополнување на последното работно место.

Со амбициозни планови за домашни и меѓународни настапи, вклучувајќи и гостувања во престижни концертни сали низ Балканот и концерт во Виена, оркестарот се стреми да го продлабочи своето уметничко влијание на домашната, но и на меѓународната музичка сцена.

Ветуваме богата програма која покрај што ќе го збогати културниот живот во Битола, содржи гостувања во државата, градови низ Балканот па и гостувања со концерт во Виена. Ако министерството ни има одобрено поддршка за 17 концерти ние се обврзуваме да направиме 30-тина, додаде Димовски пред почетокот на концертот.

Continue Reading

Претходно: Зголемен водостојот на Охридското, намален на Дојранското Езеро
Следно: Дефинитивно крајот за „Audi R8“: Колекционерите брзаат во салоните да го купат

Поврзани вести

Screenshot_20261117_180245_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

Димитар Петковски 17/11/2026 17:03
Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

Васка М.Младеновска 17/11/2026 16:47
Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“
  • Вести
  • Битола инфо

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“

Васка М.Младеновска 17/11/2026 14:08
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир Screenshot_20261117_180245_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

17/11/2026 17:03
Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk 2
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

17/11/2026 16:47
Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп FB_IMG_1794933387204 3
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

17/11/2026 16:39
Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош large 4
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

17/11/2026 16:35
Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп opstina-prilep-1 5
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

17/11/2026 14:44

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261117_180245_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

Димитар Петковски 17/11/2026 17:03
Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

Васка М.Младеновска 17/11/2026 16:47
FB_IMG_1794933387204
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

Шеталиште 17/11/2026 16:39
large
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

Шеталиште 17/11/2026 16:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани