Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан

Камерите во Грција открија илјадници прекршоци – би можеле да генерираат казни до 750.000 евра за само 3 дена

Шеталиште 30/12/2025 08:47
17-11

Во Грција се спроведува пилот-проект со камери опремени со вештачка интелигенција, кои автоматски ги евидентираат сообраќајните прекршоци, а првите податоци откриваат шокантни бројки за однесувањето на возачите.

За само четири дена, на осум локации во Атина се регистрирани речиси 2.500 сериозни прекршоци. Најголем дел од нив, повеќе од 1.000, биле забележани од една камера на авенијата Сингру, која ја поврзува Атина со пристаништето Пиреја. Други критични точки покажале слични прекршоци – на раскрсницата Месогион и Халандрио во Агиа Параскеви 480 возачи поминале на црвено, додека на раскрсницата Вулијагменис и улицата Тину во Калитеа се регистрирани 285 прекршоци.

Камерите не ги снимаат само брзината или преминувањето на црвено светло, туку препознаваат и некористење на сигурносен појас, користење мобилен телефон при возење и неправилно користење на службени ленти. Сите прекршоци се документирани со видео и фотографии, кои се шифрирани за веродостојност. Казните се испраќаат дигитално, со можност за жалба, но доказите тешко можат да се оспорат.

Казните се движат од 150 до 750 евра за пребрзо возење, додека прекршоците како користење телефон или неносење појас чинат 350 евра. Проценките велат дека една камера би можела да генерира казни до 750.000 евра за само три дена.

Министерството за дигитално управување планира масовно проширување на проектот, со 2.000 фиксни камери и 500 мобилни единици на автобуси низ целата земја. Целта, како што истакна министерот Димитрис Папастергиу, е не казнување, туку заштита на граѓаните и намалување на сообраќајните несреќи.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Журнал

Continue Reading

Претходно: Денес се празнуваат светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил
Следно: Дневен хороскоп (30.12.2025)

Поврзани вести

kamioni-678x381
  • Балкан

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES

Шеталиште 14/01/2026 08:25
TAXI
  • Балкан

Дводневен штрајк на таксистите во Грција

Шеталиште 13/01/2026 08:52
grcija-sneg-video-greek-reporter-696x560
  • Балкан

Снег падна од Халкидики до Крит: Се забеле цела Грција, прекината наставата во училиштата

Шеталиште 13/01/2026 08:22
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо Screenshot_20260117_082255_Facebook 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

17/01/2026 07:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 2
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 3
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 4
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 5
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260117_082255_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

Димитар Петковски 17/01/2026 07:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани