Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Капитенот Војдан Стојановски влегува во друштвото на великаните со 90. настапи на официјални мечеви за Македонија

Димитар Петковски 01/03/2026 14:15
123456789

Утре попладне на гостувањето во Азербејџан, капитенот на репрезентацијата, Војдан Стојановски, ќе влезе во историјата – како прв кошаркар со 90. настапи на официјални мечеви за Македонија.

Статистиката, онаа на Светската кошаркарска федерација, вели дека настапот против селекцијата на Луксембург, беше 89. за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација. Според ФИБА, во неа не се вклучени два натпревари, од ЕП, во 2009 година во Полска, кога Стојановски беше во ростерот на Македонија за средбите против репрезентациите на Германија и на Русија, но поради повреда, не влезе во игра.

Во секој случај, момент по кој што Стојановски се изедначи на првото место на вечната листа со Тодор Гечевски.

Војдан е речиси 20 години дел од националниот тим, не треба да се додава ништо освен тоа дека секогаш бил подготвен да го прифати репрезентативниот повик, без оглед на тоа кој бил во улога на селектор.

Еден од браќата Стојановски играше и на Евробаскетот во 2009, 2011, 2013 и 2015 година и сега е на прагот да стане рекордер и да испише нова страница во историјата на мак-баскетот.

Инаку, во овој момент, Војдан Стојановски е и четврти стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија.

Со оние девет реализации на средбата против Луксембург, стигна до бројката од 881 поен. И веќе на дуелот против Азербејџан може да го надмине Тодор Гечевски (застана на бројот 891) и да стане трет стрелец низ историјата.

Доколку го направи тоа, во што нема никаков сомнеж, пред него ќе бидат само уште Врбица Стефанов, кој има 947 поени во дресот на националниот тим, и Петар Наумоски, кој низ репрезентативните настапи има комплетирано 1040.поени!

Continue Reading

Претходно: Баланс наместо забрани – Ива Кацарска за здравото слабеење без екстреми
Следно: Женската фудбалска репрезентација, помладите носат позитивна енергија и победнички дух

Поврзани вести

dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
2026-03-11_fcbhanballvspelister_0193
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Е.Пелистер со тежок пораз во Шпанија се прости од Лигата на шампионите (Видео)

Димитар Петковски 11/03/2026 23:15
1773260375475-1103-ПЕЛИСТЕР-МКК КУМАНОВО-1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер му се одмазди на Куманово во Битола

Димитар Петковски 11/03/2026 22:15
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре thessaloniki-e75-750x375 1
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

12/03/2026 12:06
Златото денеска се продава по 144 евра за грам zlato-960x540-1 2
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

12/03/2026 10:55
Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа dsc_1520-1536x1133 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

12/03/2026 10:44
Денес се празнува Свети Агатангел Битолски sv-agatangel-594x460 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

12/03/2026 10:21
Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“ 20260312102727_big_730x400_26 5
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

12/03/2026 10:16

Можеби сте пропуштиле

thessaloniki-e75-750x375
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

Шеталиште 12/03/2026 12:06
zlato-960x540-1
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

Шеталиште 12/03/2026 10:55
dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (12.03.2026)

Шеталиште 12/03/2026 10:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани