Македонија по четирите порази во Б Лигата на Нации и лошите игри без постигнат гол и бурата од реакции кои се појавија на социјалните мрежи од фановите како резултат на четирите порази со статус се огласи и капитенот на оваа генерација, Енис Барди:
“„Дадовме сe од себе, се боревме до крај но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме. За секого беше тешко, но продолжуваме заедно за да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли. Но ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“ напиша капитенот.

