Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Каравилоски: Продолжуваме со чесна работа за напредок и просперитет на Кривогаштани

Шеталиште 09/10/2025 14:41
igorkaraviloski1-1024x682

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Игор Каравилоски, од трибината во Кривогаштани ја побара довербата од граѓаните, ветувајќи дека ќе се залага за модерна, уредена и просперитетна општина. Тој нагласи дека својата енергија, искуство и знаење ќе ги стави во служба на сите граѓани.

„Нашата програма е гласот на граѓаните. Мојата визија е Кривогаштани да стане просперитетна општина, каде младите ќе останат, земјоделците ќе имаат сигурна поддршка, а секое семејство ќе живее во чиста, зелена и безбедна средина. Сега е време сето тоа искуство, знаење и енергија да ги ставам во служба на сите вас. Во изминатите четири години нашиот градоначалник Николче Мискоски и советничкото мнозинство покажаа дека со чесна и посветена работа општината може да напредува. Продолжуваме со ист континуитет и ќе ги завршиме започнатите, а ќе започнеме нови, големи проекти”, порача Каравилоски.

Тој во својата програма најави асфалтирање на улици, изградба на повеќенаменско игралиште во Обршани, реконструкција на главната улица во Пашино Рувци, приклучување на општината на системот за водоснабдување „Студенчица”, проширување на канализационата мрежа, санација на патишта и унапредување на регионалниот пат.

Каравилоски посочи дека младите се најголема сила и врвен приоритет и најави инвестиции во младински центар, нова библиотека, курсеви за странски јазици и дигитални вештини, награди за најдобрите студенти и активна вклученост на младите преку младински совет.

Во делот на јавната инфраструктура најави уредување на тротоари, поставување на т.н. „легнати полицајци”, нови зелени површини и расчистување на дивите депонии.

Ќе се постават фотоволтаици на јавните институции, а посебен акцент стави на здравствената грижа со повторно воспоставување на Итна медицинска помош во Кривогаштани, проект „Здрав пензионер” со два бесплатни превентивни прегледи годишно и пристап до Центарот за дневен престој за стари лица во Прилеп.

„Ние не ветуваме празни зборови, туку дела што произлегуваат од реалните потреби на луѓето. На 19-ти октомври гласаме за број 5 и листата на советници од СДСМ”, порача Каравилоски.

 

 

 

 

Извор: 24инфо

Continue Reading

Претходно: Проданоски: Време е Прилеп да добие нов уреден и достоинствен лик
Следно: Вкусна крцкава пица за вечера

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани