„Познатата катедрала во Келн од јули ќе почне да наплаќа влез на туристите од 12 евра“, соопштија од катедралата.
Станува збор за импресивна градба со две кули од 13 век и претставува едно од најзначајните достигнувања на готската архитектура во Европа. Од управата информираа дека приходите од новата влезница ќе бидат наменети за покривање на трошоците за одржување и зачувување на црквата.
„Во моментот влезот во катедралата е бесплатен. Надоместок од осум евра се наплаќа само за оние што сакаат да се искачат на една од нејзините кули. Верниците што доаѓаат на молитва и влегуваат преку другиот влез и натаму ќе бидат ослободени од плаќање“, информираа од катедралата.
Катедралата, која се наоѓа во центарот на Келн, е една од најпосетуваните туристички атракции во Германија. Според достапните податоци, секоја година ја посетуваат околу шест милиони луѓе од државата и странство. Одлуката за воведување влезница доаѓа во време кога многубројни историски и верски знаменитости во Европа се соочуваат со сè поголеми трошоци за одржување, реставрација и заштита на културното наследство.
Фото: ЕПА

