Женската ракометна селекција на Германија убедливо ги победи на почетокот од квалификациите за Европското првенство нашите дами со 34:18, полувреме 14:8.
Тие се самокритични и забележуваат дека дури на крајот од првиот дел тргнале работите во одличен правец иако на овој меч беа големи фаворити наспроти македонските дами пред не повеќе од 2.200 гледачи во ракометниот град Гумерзбах во регионот Северна Рајна Вестфалија.
Првиот чекор кон Европското првенство е направен, но ракометарките на Германија сè уште треба да работат на потребната форма во годината.
„Можеме да бидеме многу задоволни од резултатот, иако имавме тешкотии да влеземе во нашата напаѓачка игра на почетокот“, рече германската репрезентативка, Виола Лојхтер,
која заедно со Алексија Хауф беа најдобарите германски стрелеци со по пет гола.

Мареике Томаер беше покритична:
„Сè уште можеме да ја подобриме нашата игра. Сè уште имаше многу грешки, особено во брзата игра“, изјави Томаер за германската телевизија DF1.
Во нашиот состав само Ризоска беше подобра со 8 погодоци и младата Младеновска со 4, голманката Петковски имаше само 4 интервенции.
Германија – Македонија 34:18 (14:8)
Германија: Филтер (9 одб), Вахтер (3одб), Рот; Хауф 5, Лојхтер 5, Грајзелс 4, Томаер 4, Шерер 4, Кине 3, Антел 2, Смитс 2, Мајдхоф 2, Фогел 1, Дол 1, Штефен, Беренд
Македонија: Петковска (4 одбрани), Чурлиноска; Ризоска 8, Младеновска 4, Џатевска 2, Кипријановска 2, Коларовска 1, Јанкуловска 1, Гакидова, Бор. Коцева, Седлоска, Арсениевска, Миленкоска, Јанеска Килдан, Дамјаноска
Гледачи: 2200 (Швалбе Арена, Гумерсбах)
Судии: Нигард / Примдал (ДЕН)
Минути за пенал: 4 / 12
Фото : Marco Wolf / EHF

