Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Шоубиз

Кенет Брана не штеди пофалби за Џоди Комер

Шеталиште 23/06/2025 12:40
Кенет Брана

Ценетиот британски режисер Кенет Брана ѝ го даде на Џоди Комер можеби највисокиот комплимент во Холивуд – ја спореди со тројната „оскаровка“ Мерил Стрип.

Во ново интервју за британскиот весник „Тајмс“, имено, наградуваниот северноирски филмаџија говoрeше за режијата и работата со британската глумица во неговиот претстоен филм „Последната вознемиреност на Медлин Хајнд“ (Last Disturbance of Madeline Hynde), нафрлајќи ги пофалбите за неговата 32-годишна водечка дама во приказната.

– Се сметам себеси за среќен што работев со неа во оваа фаза од нејзината кариера. Како што некој еднаш рече за младата Стрип – „Посакувам да поседувам акции во нејзината иднина“… Таа (Комер) е „гладна“ за посветена работа!, изјави Брана.

Комер остана скромна, па за режисерот рече: – Тој е многу љубезен… Нека е благословен.

Брана, кој го потпиша и сценариото на новиот филм, не откри премногу за заплетот, истакнувајќи само дека ликот на Комер е во „темна ноќ на душата“, и во „непромислена емоционална изложеност, нестабилност“… Инаку, во психолошкиот трилер што треба да се прикажува во киносалите в година, таа глуми со Патриша Аркет, Мајкл Шин, Том Бејтман и Вики Мекклур.

Наградуваната британска глумица во мигов е актуелна со зомби-хоророт на Дени Бојл – „28 години подоцна“ – продолжение на филмот „28 дена подоцна“ од 2002 година.

Фото: Скрин Дејли

Continue Reading

Претходно: Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
Следно: Поскапуваат горивата

Поврзани вести

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12
zlato
  • Забава
  • Занимливости

Дури 99,999 отсто од златото се наоѓаат во јадрото на Земјата – но, не можеме да стигнеме до него

Шеталиште 11/09/2026 07:45
soncev-sistem
  • Забава
  • Занимливости

Меркур можеби се намалил значително повеќе во својата историја отколку што досега се веруваше

Шеталиште 11/09/2026 07:43
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани