Километарски колони за влез и повеќечасовно чекање пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси денеска во САД. Нервозата и тензијата е голема пред големото финале вечерва на Светското Првенство кое од натпревар во натпревар го тресеа “скандали”.
Не’ само навивачите што чекаат за влез поради строгите безбедносни проверки, туку и многу медиумските куќи меѓу кој ни пристигна фотографија од познатиот хрватски фотограф, Слободан Кадиќ кој од попладнево е пред стадионот во Њу Џерси и беше пречекан од километарска колона и застои пред приодите кон стадионот, каде безбедносните проверки ги спроведува американската полиција.

Финалето започнува во 21:00 часот, а во меѓу време излегоа и стартните постави за Шпанија и Аргентина.
Шпанија: Унаи Симон; Педро Поро, Кубарси, Лапорт, Кукуреља, Родри, Фабиан Руиз, Дани Олмо, Баена, Ојарзабал, Ламин Јамал.
Аргентина :Мартинез, Молина, Ромеро, Мартинез, Таљафико; Де Пол, Мекалистер, Е.Фернандез,Н.Гонзалес, Меси, Алварез.

