Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Филм

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува ДФРМ

Шеталиште 23/07/2025 13:10
Кирил Џајковски

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

-Џајковски е филмски композитор, но пред се познат скопјанец, творец на културната сцена и културниот профил на нашиот град и на нашата држава. Го знаеме од неговиот бенд „Бастион“, потоа се појави во „Леб и сол“ во албумот „Како какао“ и направи еден извонреден исчекор за овој скопски бенд, потоа почна да работи на театарски претстави и на филмското платно, а за неговите диџејски и соло проекти воопшто да не зборуваме. Синоним за современиот македонски звук, Џајковски е еден од најзначајните композитори и продуценти, познат по спојот на традиционални балкански мотиви со современи електронски ритми. Неговата музика е составен дел од најгледаните македонски филмови, меѓу кои „Бал-кан-кан“ и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Прашина“,,Врба” и ,,Сенки” на Милчо Манчевски, „Големата вода“ и „Пиарги“ на Иво Трајков (за „Големата вода“ ја доби наградата за најдобра музика на Фестивалот во Валенсија), како и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, рече Иванов.

Со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави уникатната уметничка визија на Кирил Џајковски, кој со својата музика ја збогати филмската и културната меморија на Македонија.

Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, актерка(2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) ,Горјан Тозија, филмски продуцент (2022) Лабина Митевска, актерка и продуцент (2023)  и Димитар Грбевски, филмски и телевизиски монтажер (2024).

Наградата на Кирил Џајковски свечено ќе мубиде врачена на затворањето на 46. издание на ИФФК  „Браќа Манаки”. Статуетката „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ традиционално ја изработува компанијата Божиновски.

Continue Reading

Претходно: Концерт на светската мегаѕвезда Џејсон Деруло на 2 август во Охрид
Следно: Утре изложба во Прилеп на младите уметници Јана и Софија Тодорови

Поврзани вести

Ново поглавје во културната соработка помеѓу Битола и Франција
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура

Ново поглавје во културната соработка помеѓу Битола и Франција

Васка М.Младеновска 13/11/2026 11:36
Литературна средба по повод Месецот на книгата
  • Вести
  • Култура
  • Настани

Литературна средба по повод Месецот на книгата

Васка М.Младеновска 12/11/2026 08:21
Амира Медуњанин на свеченото отворање на годинашното 18. издание на Фестивалот на музика од светот
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура

Амира Медуњанин на свеченото отворање на годинашното 18. издание на Фестивалот на музика од светот

Васка М.Младеновска 11/11/2026 12:07
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Лига на Нации: Македонија постигна гол по 323 дена во Глазгов и е поразена, Растодер го постигна својот првенец IMG_4718-1536x1097 1
  • Вести
  • Македонија
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лига на Нации: Македонија постигна гол по 323 дена во Глазгов и е поразена, Растодер го постигна својот првенец

14/11/2026 06:48
Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи 905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

13/11/2026 21:36
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни 3
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола 4
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

13/11/2026 15:35
Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година 5
  • Вести
  • Битола инфо

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година

13/11/2026 14:38

Можеби сте пропуштиле

IMG_4718-1536x1097
  • Вести
  • Македонија
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лига на Нации: Македонија постигна гол по 323 дена во Глазгов и е поразена, Растодер го постигна својот првенец

Димитар Петковски 14/11/2026 06:48
905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Димитар Петковски 13/11/2026 21:36
20261112140115_big_730x400_18
  • Настани

Во Прилеп утревечер премиера на „Снежното кралство“

Шеталиште 13/11/2026 17:28
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани