Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Шоубиз

„Кифи Ди“ виновен за убиството на Тупак

Шеталиште 01/09/2026 09:57
20260901083759_big_730x400_13

Поротата во Лас Вегас го прогласи поранешниот водач на бандата „Саут сајд Комптон крипс“ – Дуејн Кит Дејвис, за виновен за убиството на Тупак Шакур, затворајќи го случајот речиси 30 години откако познатиот американски рапер беше убиен.

Познатиот „Кифи Ди“ (63) беше обвинет за поттикнување смртоносната пукотница, иако самиот не го повлекол чкрапалото. Тој со години им кажувал на истражителите и новинарите за неговата директна вмешаност пред да биде уапсен во 2023 година. На поротата ѝ беа потребни околу три часа за да донесе пресуда за случајот којшто во голема мера се потпираше на бројните признанија на Дејвис, вклучувајќи го и неговиот исказ за убиството во неговите мемоари од 2019 година „Легендата на улицата Комптон“. За време на судењето што траеше неколку недели, окружниот обвинител на Округот Кларк, Марк Диџакомо, и главниот заменик-окружен обвинител Бину Палал повикаа 25 сведоци – вклучувајќи и некои кои не сакаа да го сторат тоа, во процесот против Дејвис.

Адвокатот на Дејвис, Мајкл Санфт, се обиде да ги прикаже приказните и изјавите како претерани и украсени тврдења од човек кој сакал да заработи од јавниот интерес и многуте неодговорени прашања околу убиството на Тупак.

Шакур е роден во 1971 година во Ист Харлем, во Њујорк, и се здоби со слава на почетокот на 1990-тите со својот поетски стил на рапување, којшто нудеше и остри коментари за социјалните неправди, вклучувајќи го системскиот расизам, полициската бруталност и тешкотиите со коишто се соочуваат маргинализираните заедници. Сметан за еден од најголемите рапери на сите времиња, тој влијаеше на генерации и продолжи да се слави низ целиот свет дури и години откако неговиот живот беше прекинат. Имаше само 25 години кога почина в болница, неколку дена откако четирипати беше застрелан автомобил во Лас Вегас.

Судијката на Окружниот суд на округот Кларк, Карли Кирни го закажа изрекувањето на пресудата за 13 октомври.

 

 

 

 

 

миа

Continue Reading

Претходно: Пита со компири
Следно: ДЗР: Бирото за метрологија неефикасно ја користело опремата за проверка на квалитетот на нафтата и нафтените деривати и покрај значително вложените средства

Поврзани вести

20260821104436_big_730x400_89
  • Шоубиз

Мадона го прослави роденденот во Грција – Мицотакис ѝ честиташе

Шеталиште 21/08/2026 09:01
Vudi-Harelson
  • Забава
  • Шоубиз

Таткото на Вуди Харелсон бил платен убиец, а синот го освои Холивуд

Шеталиште 24/07/2026 10:22
Kira-Najtli
  • Забава
  • Шоубиз

Британската актерка Кира Најтли ја објави сликовницата „Сè уште те сакам исто“

Шеталиште 24/07/2026 10:21
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани