Kошаркарскиот Клуб Пелистер, денес го официјализираше и петтиот трансфер, потпишувајќи договор со екс младински репрезентативец Виктор Златевски.
„Виктор Златевски е петто ново име во ростерот на КК Пелистер за сезоната 2026/27. Клубот потпиша договор на една сезона и ќе го претстави Златевски на почетокот на подготовките за новата сезона. Се работи за 25-годишен бек, кој своевремено беше дел од селекцијата до 18 години на Македонија. Во Битола доаѓа од Феникс 2010, а претходно ги носеше дресовите на Гостивар, Работнички и ФМП Академија. Минатата сезона имаше просек од 10.7 поени, 1.6 скока и 2.6 асистенции по натпревар“, објавија битолчани.
КК Пелистер е динамичен на трансфер пазарот, откако претходно ги потпиша и Ќириловски, Димитриев и Американецот Алонзо Денинг.

