Победнички старт на сезоната за кошаркарите на Пелистер кој го надигра ТФТ Скопје со 78-70 и со победа ја отвори Суперлигата.
Иако гостите од Скопје беа подобри до полувремето со 39:36, домашните во последната четвртина победија со 11 поени и мечот го завршија со позитива од 8 кошеви иако тешко почнаа избраниците на Спасев.
Капитенот Филип Сапунџиев постигна 14 поени и 6 скока, додека младиот Кириловски постигна 11 поени, кплку што постигна и Си-Џеј Вилсон. Кај ТФТ најефикасен беше Сила со 31 постигнатпоен.

