Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер не ја продолжи победничката серија, поразен од МЗТ во првиот полуфинален натпревар

Димитар Петковски 07/05/2026 08:55
Screenshot_20260507_105712_Gallery

Пелистер не успеа да ја продолжи победничката серија откако битолските „зелено-бели“ загубија со резултат 80-75 на првиот полуфинален дуел од серијата со МЗТ Скопје.

„Пелистерци“ одиграа квалитетен меч, во третиот период имаа и водство од седум поени, но и тоа беше недоволно за да се стигне до позитивен резултат на гостувањето против актуелниот шампион.

Малешевиќ ги постигна првите четири поени за Пелистер во ова полуфинале (5-4), по што МЗТ почна резултатски да се одлепува (9-4). „Зелено-белите“ се вратија намалувајќи на 12-10 преку Дејвис, но домашниот тим се одлепи резултатски, па преку Танасковиќ во 7. Минута стигна и до предност од двоцифрени (23-12). Стајиќ во 10. Минута ја постигна првата тројка за Пелистер на мечот, по што разликата се спушти по десет, па првата четвртина заврши 26-18.

Пелистер од самиот почеток на вториот период се покажа во сосема поинакво светло, aнгажманот во одбраната беше на повисоко ниво, проработи и нападот, па предноста на домаќинот почна да се топи. Лука Стојановски погоди тројка со која намали на само три поени негатива (32-29), потоа погоди и Андреј Митревски за 36-35, по што следеше чудна судиска одлука, најпрвин недосуден прекршок  над Митревски, а потоа и техничка грешка за реакцијата на нашата клупа. Пелистер не постигна поени во последните 118 секунди од полувремето, што МЗТ го искористи за на одмор да замине со водство од 39-35.

Третата четвртина го донесе вистинското лице на Пелистер, она што навикнавме да го гледаме во претходните пет рунди од плејофот. Не само што негативата беше експресно истопена, Малешевиќ експресно донесе предност од 43-45, а серијата на „пелистерци“ продолжи и со поените на Џенкинс водството на „зелено-белите“ порасна на 45-52. МЗТ намали на 51-53, Лука Стојановски ја запре мини-серијата на домаќините, но по четирите поени во низа на Маслинко тренерот Даскаловски беше принуден да побара тајмаут при израмнети 55-55.

Во последната четвртина се влезе со 57-55 за МЗТ Скопје, а проблемите се зголемија откако скопјани го почнаа четвртиот период со две погодени тројки за водство од 63-55 и нов тајмаут на Даскаловски. МЗТ поведе и со двоцифрени 66-56, но Пелистер не се предаде, се врати во ритам и ја преполови негативата (69-64) „Зелено-белите“ се држеа до 71-66, но МЗТ успеа дополнително да се одлепи и на крајот да триумфира со конечните 80=75

Брејси Дејвис со 25 и Малешевиќ со 23 поени беа единствените со двоцифрен ефект кај Пелистер, додека по седум поени реализираа Митревски и Џенкинс.

Вториот натпревар од оваа полуфинална серија ќе се игра викендов во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Фото кфм / кк пелистер

Continue Reading

Претходно: Откажани 900 летови: Croatia Airlines се бори со финансиски притисок пред летната сезона
Следно: Во Битола почнува првото издание на „Вински фестивал“

Поврзани вести

098765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 14/05/2026 20:22
zkdnfmkslfmaf
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола!

Димитар Петковски 14/05/2026 15:42
363636336
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија во женска конкуренција – Финале: Тиверија Брера – Саса М.Каменица

Димитар Петковски 14/05/2026 10:31
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео) 098765 1
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео)

14/05/2026 20:22
Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола! zkdnfmkslfmaf 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола!

14/05/2026 15:42
Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти 48370 (1) 3
  • Македонија

Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти

14/05/2026 10:59
Куп на Македонија во женска конкуренција – Финале: Тиверија Брера – Саса М.Каменица 363636336 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија во женска конкуренција – Финале: Тиверија Брера – Саса М.Каменица

14/05/2026 10:31
Наредена обдукција на убиената жена во Битола – Обинителството на терен napad-noz-960x636-640x424 5
  • Битола инфо

Наредена обдукција на убиената жена во Битола – Обинителството на терен

14/05/2026 10:25

Можеби сте пропуштиле

098765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 14/05/2026 20:22
zkdnfmkslfmaf
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола!

Димитар Петковски 14/05/2026 15:42
featured-vietnamese-chicken-and-rice
  • Здравје

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Шеталиште 14/05/2026 11:30
48370 (1)
  • Македонија

Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти

Шеталиште 14/05/2026 10:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани