Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: „Пелистер чекори напред, сонот останува – трофеј во Битола“

Димитар Петковски 15/09/2025 21:39
Screenshot_20250915_225624_Facebook
На денешниот прес на КК Пелистер, директорот Филип Ивановски и новиот тренер Боро Даскаловски  со огромна доза на оптимизам влегуваат во новата сезона и со нетрпение го очекуваат стартот на новата сезона во која „пелистерци“ за првпат во историјата ќе играат во едно европско натпреварување, но и со истите добро познати амбиции на домашната сцена – да освојат трофеј за кошаркарска Битола!

За таа цел беше составен конкурентен ростер со шестмина странски квалитетни кошаркари и еден македонски репрезентативец во името на Андреј Митревски.

„Со оваа прес-конференција сакаме да ја најавиме новата сезона, во која влегуваме со промени во играчкиот кадар и во стручниот штаб. Би сакал да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на новиот тренер Боро Даскаловски, кој ќе ја има нашата целосна поддршка. Ова е трета година од нашето преземање на клубот, среќни сме што растеме на резултатски план. Иако ланската сезона не мина најдобро на резултатски план, среќни сме и горди што растеме како клуб од година во година. Затоа и решивме и во новата сезона да одиме чекор напред, па за првпат во клупската историја ќе бидеме дел од европските купови, најпрвин со учество во квалификациите за Лигата на Шампионите, на 19 септември во Самоков. Дури и ако не ги минеме квалификациите продолжуваме понатаму и ќе играме во ФИБА Европскиот куп, имаме загарантирани ФИБА натпревари и историја – европски натпревари во нашиот град. Амбициите и за оваа сезона се на високо ниво, се надеваме дека ќе ја минеме групната фаза од ФИБА Европскиот куп (ако не ги минеме квалификациите за ЛШ), додека за домашнното првенство повторно ќе имаме високи цели, се надеваме дека годинава конечно ќе ја исполниме големата желба и ќе донесеме барем еден трофеј во Битола “ –  изјави Филип Ивановски  кој е директор на КК Пелистер.

За нов тренер на КК Пелистер летово беше именуван Боро Даскаловски, искусниот стратег кој е сигурен дека ќе го извлече максимумот од овој играчки ростер на „зелено-белите“.

„Сакам да се заблагодарам на раководството на клубот за укажаната доверба и големата одговорност, пред мене и моите играчи се големи очекувања бидејќи клубот постави високи стандарди. Пелистер за првпат ќе игра во Европа, ни помалку ни повеќе во квалификациите за Лигата на Шампионите, против екипа од италијанската елита – Реџо Емилија. Тоа е само предизвик плус за мене и за моите играчи за што подобро да ги претставиме клубот, градот и македонската кошарка. Ако се случи да бидеме елиминирани и играме квалификации за ФИБА Европскиот куп, верувам дека ќе имаме можност да оствариме добар резултат. Како што напомена директорот, целта за домашната сцена – целта е да се донесе еден трофеј. Ростерот е направен со шест странци, со квалитетот и нивото на играчи што може да ги донесете во Македонија, се надевам дека не само Пелистер, туку и сите други клубови во иднина ќе се пријавуваат за учество во европските натпреварувања, што ќе биде само плус за македонската кошарка. Можам да ветам квалитетна работа и борба, тоа што секогаш и секаде сум го правел, верувам дека успехот нема да изостане. Она што сакам да го гледам е атлетицизам и на двете страни од теренот, успеавме да донесеме таков тип на играчи, верувам дека ќе успееме да играме онака како што сакаме, но секако ќе ни треба малку време за да се воиграме бидејќи сепак се направени значителни промени во тимот“ – истакна Даскаловски на денешната прес-конференција.

 

Македонскиот репрезентативец е оптимистички расположен во пресрет на новата сезона на КК Пелистер

Управата на КК Пелистер го промовира и Андреј Митревски, репрезентативец кој беше одличен во дресот на македонската репрезентација во изминатите претквалификации. Митревски не го криеше задоволството од приемот во Битола.

„Сакам да се заблагодарам на раководството што ми дадоа шанса да бидам дел од овој тим што ќе настапува на сериозно ниво во европската кошарка. Без разлика дали ќе влеземе во ЛШ или ќе играме во ФИБА Европа купот, ова е многу голем чекор како за македонските играчи во Пелистер, така и за сите во клубот. Ова треба да биде поттик и за остаатите македонски екипи да играат на ова ниво, за да видиме реално на кое ниво се наоѓа македонската кошарка. Верувам дека ќе добиеме многу искуство како тим од овие европски предизвици и целта ќе ни биде да стигнеме што подалеку…. Што се однесува до домашното првенство, знаеме дека битолчани сакаат кошарка, она што недостига е пехар, во последните години беше блиску до тој пехар, секако дека желба ни е да освоиме трофеј за клубот и за верните навивачи. Презадоволен сум и од условите за работа и од приемот во градот, од навивачите, од соиграчите, чувствувам многу позитивна енергија и се надевам дека тоа ќе не краси и во текот на целата сезона“ –  истакна Андреј Митревски на денешната прес-конференција.

Continue Reading

Претходно: Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје
Следно: Времето денес претежно сончево и топло време

Поврзани вести

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања Screenshot_20260813_070838_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

13/08/2026 05:10
Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10
Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 3
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 4
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 5
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани