Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер поразен на гостувањето во Гевгелија, но осигура место во плеј-офот на „МТЕЛ“ Супер лигата

Димитар Петковски 06/04/2026 11:43
2442525

Максимално возбудливо и неизвесно беше до самиот крај на регуларниот дел од „МТЕЛ“ Супер лигата.

Последното 22.коло ја „подели“ првенствената табела на два дела.

Во првата „шесторка“ која ќе бара место во плеј-офот, се пласираа екипите на ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш Голден Игл.

Кавадарчани имаат ист скор (11-11) како и екипата на Чаир 2030, но и подобар меѓусебен однос во однос на чаирчани, поради кој се во горниот дел од првенствениот поредок.

Во Плеј-аут сегментот, се екипите од 7. до 12. место, односно Чаир 2030, МКК Куманово, Работнички, Феникс 2010, Гостивар и Ангели.

КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР      89:82

Кошаркарите на KK Пелистер се поразени во последното 22. коло од Супер-лигата, губејќи на гостувањето против Кожув со резултат 89-82.

Слично како и на претходните две средби, повторно пресудна беше слабата четврта четвртина во која „пелистерци“ им дозволија на домаќините да направат целосен пресврт. Битолчани имаа „плус 19“ во третиот период, но и тоа беше недоволно за да се стигне до триумф на овој натпревар.

Првите поени за Пелистер на натпреварот ги постигна Андреј Митревски, намалувајќи во втората минута на 4-2 за Кожув. Домаќините имаа 7-2, потоа и 9-4, но Пелистер го сврте резултатот во своја полза и по петте поени во низа на Брејси Дејвис за првпат поведе на натпреварот (11-13). До крајот на првата четвртина се играше израмнето, но битолчани сепак го завршија овој дел од мечот со предност од 26-28, по тројката на Лука Стојановски и поените на Ленгстон Вилсон.

Кожув израмни на 28-28 на самиот старт од втората четвртина, но веднаш потоа следеа десет поени во низа на Пелистер (осум од нив дело на Малешевиќ). Удобното водство беше одржувано до крајот на полувремето, па „пелистерци“ на одмор заминаа со двоцифрени 40-51.

„Зелено-белите“ продолжија да доминираат и во третиот период, по поените на Митревски и на Малешевиќ поведувајќи со 44-59. „Пелистерци“ беа максимално расположени, продолжија да доминираат на теренот во Гевгелија, па по поените на Митревски за 46-63 домашниот тренер беше принуден да побара уште еден тајмаут. „Зелено-белите“ имаа максимални 19 поени поени (46-65), но домаќините до крајот на четвртината ја намалија огромната негатива и во последните десет минути се влезе со 53-67.

Противникот подобро ја почна четвртата четвртина, за две минути намали на 60-67, по што тренерот Даскаловски беше принуден да побара тајмаут. Брејси Дејвис ја заврши мини-серијата на домашниот тим, Вилсон ја врати двоцифрената позитива на 60-71, но следеше нова серија на Кожув и намалување на 68-71, за нов тајмаут на Даскаловски. Следеше нова тројка на домаќините, овојпат преку Зетов, за израмнување на 71-71, а серијата на Кожув продолжи за водство на домашниот состав од 75-71 на три минути до крајот. Стајиќ возврати со четири поени со кои го врати Пелистер во живот,  а по двете слободни фрлања на Брејси Дејвис битолчани намалија на 80-79 на 65 секунди до крајот. Домаќинтие сепак умешно ја задржаа предноста до крајот, со мирна рака од линијата за слободни фрлања стигнувајќи до триумф изразен со конечните 89-82.

Брејси Дејвис беше прв стрелец на „пелистерци“ со 28 поени, а двоцифрен ефект имаа уште и Малешевиќ со 14 и Стајиќ со 11 поени.

 

Continue Reading

Претходно: РКЕ ги објави новите цени на горивата
Следно: МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци

Поврзани вести

VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

Шеталиште 11/09/2026 07:50
LDP
  • Вести
  • Македонија

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба за 5,5 милиони евра дивиденда

Шеталиште 11/09/2026 07:49
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност

Шеталиште 11/09/2026 07:41
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 1
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 2
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10
Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат nafta-1 3
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

11/09/2026 11:09
Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар 20260911125006_big_730x400_99 4
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

11/09/2026 11:04
ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

11/09/2026 07:50

Можеби сте пропуштиле

img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
nafta-1
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

Шеталиште 11/09/2026 11:09
20260911125006_big_730x400_99
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Шеталиште 11/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани