КК Пелистер го доведе второ засилување за новата сезоната. По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг.
Се работи за кошаркар кој доаѓа од Соединетите Американски Држави, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство, што значи во нашето првенство ќе настапи како домашен играч.
Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија настапуваше во Азербејџан, Еквадор и Косово. Денинг пред јавноста ќе биде претставен на почетокот на подготовките на Пелистер.

