КК Пелистер го доведе третото име во ростерот за сезоната 2026/27, по Благој Димитриев и Алонсо Едвард, нов член на битолчани е Коста Кириловски, кој важи за еден од најперспективните млади играчи во Македонија.
Се работи за високо крило, кое потекнува од школата на Водно Санс, а предходните две сезони беше член на Игокеа и Кожув. Член е на младинските репрезентации на нашата земја, а веќе се наоѓа и на поширокиот список на сениорската селекција.
Му посакуваме добредојде и успешна сезона во зелено-белиот дрес. – стои во објавата на социјалните мрежи на КК Пелистер- Битола.

