„Пелистерци“ имаа апсолутна доминација, и изненадувачки лесно славеа против лидерот и финалистот на АБА 2 лигата (105:69)
Екипата на Пелистер го доби дерби дуелот на третото коло од ТОП 8 фаза. Во заостанатиот меч славеше убедлива победа над водечката екипа во првенството, ТФТ, со што го остави како „отворено“ прашањето за тоа која екипа ќе биде првопласирана во регуларниот дел од сезоната.
Почеток каков што посакуваа имаа домашните кошаркари и нивните навивачи во дуелот со првопласираниот тим на табелата. Ја најавија „зелено-белите“ победата уште во првите десет минути во кои се стекнаа со повеќе од убедливи (32:17).
А потоа, се беше многу полесно…
До крајот на првото полувреме, Пелистер, скоро двојно, ја зголеми позитивата, на одморот водеше со многу повисоки (66:37).
ТФТ одигра малку подобро само во третата делница од дуелот во Битола, ја реши во своја корист, но „симна“ само четири поени од високата негатива (53:78), и тука некаде стана јасно кој е кој на оваа средба, и дека победата ќе им припадне на домашните кошаркари.
Онаа во која сите пет стартери без двоцифрени.
По 20 поени реализираа Дејвис и Вилсон (имаше и 11 скока), Џенкинс даде 18, Малешевиќ имаше 11 (но и 12. скока), како и Митревски кој финишираше со десет реализации. Репрезентативецот Лука Стојановски, како резервист, запиша 12.поени и 5.асистенции.
За 17. победа во сезоната (имаат и осум порази), додека ТФТ сега има скор (21-4), каков што има и екипата на МЗТ Скопје Аеродром, но „сино-белите“ имаат и службен пораз (од Ангела), поради кој „црно-белите“ се уште имаат предност и лидерксо место на табелата.
Во гостинскиот тим Стојаноски даде 16.поени (имаше и девет скока), Дејвис имаше 15, а Зафиров и Ташовски по десет.

