Клиничка болница Битола повторно овозможува дијагностицирање на остеопороза со нов, современ DEXA апарат набавен од сопствени средства.
- Стариот апарат, кој беше во функција цели 20 години, престана со работа во септември минатата година.
- Свесни за потребите на пациентите, болницата инвестираше во нова технологија која гарантира сигурност и прецизност во секоја поставена дијагноза.
Инвестиција во здравјето на граѓаните
Со набавката на новиот апарат, Клиничка болница Битола продолжува да чекори напред преку модернизација на услугите. Оваа инвестиција е вложување во подобра и поквалитетна грижа за секој пациент.
Нашата мисија продолжува – здравјето на граѓаните е секогаш на прво место.
фото: Клиничка Болничка – Битола

